Webp.net gifmaker

Преку Еразмус плус проект „Елпида Караманди“ станува технолошко зајакнато училиште

Февруари 18, 2020

Основното училиште „Елпида Караманди“ од Битола за првпат по долго време реализира Ерзмус плус проект за технолошко зајакнато училиште. Училиштето е домаќин на 40 ученици од земјите партнери Шпанија, Полска и Турција. Проектот чини 122 000 евра.

 

„Целта е размена на практики од областа на технологијата, споделување на наставни часови со примена на нови технологии во наставата, унапредување на праксата, односно стекнување на вештини за поквалитетно образование. Децата се дружат и споделуваат искуства од социјални и културни средини. Тоа дава една посебна европска нота на целиот овој проект“, рече директорката Татјана Дамчевска.

Проектот опфаќа и размена на ученици, па така ученици од ОУ „Елпида Караманди“ во следниоте две години ќе имаат можност да посетат дел од училиштата во Шпанија, Полска и Турција каде заедно ќе се одржуваат часови по современа технологија.NATA4

TURCIJA

„Задоволство е што училиштето ‘Елпида Карамадни’ влегува во еден ваков проект зашто не се случило до сега ова училиште да учествува во програмата Еразмус плус, проект во кој дефинитивно се отвораат широки врати за размена на искуства помеѓу наставниот кадар, но и на децата . Не станува збор сасмо за размена на искуства, туку и за дружење и проширување на видиците што во воспитно –образованиот процес и тоа како е важно“, рече градоначалничката НАташа Петровска.

Ж.З.

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2019 АПЛА.мк. Сите права се задржани