Webp.net gifmaker

Во Слепче се живее ем градски, ем боемски

Февруари 21, 2020

Селото Слепче е дом на ликовниот уметник Љубе Неделковски-Бобек сликар на ретки икони, кој својата инспирација ја црпи од Слепченскиот манастир од импресивното културно богатство на демирхисарскиот крај, од традицијата. Бобек, така го именуваат сите негови соселани досега изработил над 2000 цртежи и икони, а меѓу нив и ретките икони на Богородица Троеручица и Богородица Патеводителка.

Бобек имал можност да го напушти својот роден крај, но одлучил да остане во Демир Хисар и таму да отвори свое ателје и галерија. 

-Изработувам  икони на теракота, на керамика, на камен, на дрво, експресионистички, импресионистички пејзажи. Живеам во Слепче и овој крај особено Слепченскиот манастир е инспирација за многу уметници од државата и пошироко, не само за мене, вели Бобек, откако вратите на неговиот дом срдечно ги отвори за „Зелена берза“.

Икони насликани на чисто дрво, старо повеќе од 200 години го красат и неговиот дом. За тежината на самата изработка на иконата на шега вели дека е доволна за да го сруши ѕидот. 

ajjajaja

-Богородица Троеручица е единствената икона која ја имаат манастирите во Слепче и на Хиландар. Оригиналната икона е во Хиландар во Грција, но таа не била со три раце, туку едната рака била аплицирана во метал. Некој монах во манастирот во Слепче ја насликал кон крајот на 16 век со три раце. Таа од Слепче е однесена во музејот во Скопје, па јас одлучив да ја насликам. Исто е и со Богородица Патеводителка и таа е во Музејот во Скопје, но оригиналната потекнува од манастирот од Слепче, раскажува Неделковски.

Прадедото на Бобек, Стојан Неделков учествувал во зографисување на Слепченскиот манастир, па многу историчари на уметност за внукот Неделковски  ќе кажат дека љубовта кон уметноста кај него е како генетска предиспозиција.

Во манастирот во Слепче постои натпис-„Ас Стојан Неделков од село Слепче, од Сугаревци, се стори себап манастирот да се зографиса со тајфата и сите по мене“.

Делата на Љубе Неделковски-Бобек ги красат ѕидовите на многу институции, галерии и приватни збирки низ целиот свет.

ajjaa

А.Б

Целата статија прочитајте ја на: 

https://zelenaberza.com.mk/slepce-se-krepi-na-fabrikata-za-baletanki/?fbclid=IwAR0EccxQXBTlCtqv4hUSSOrmrlL9GbzNrSCWlEtRdCW7dTn6zdOb575is6s

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2019 АПЛА.мк. Сите права се задржани