Предлог буџетот во среда пред битолските советниците

Декември 23, 2017

Предлог буџетот за 2018 година ќе се најде на дневен ред на 7-та седница на Советото на Општина Битола во среда на 27 декември. Пред советниците ќе биде и предлог одлуката за извршување на буџетот, буџетскиот календар, како и програмата за работа на општинскиот Совет за 2018 година. 

Предлог буџетот во изминатиот период беше ставен на увид на официјалната веб страницата на Општина Битола и според објавените податоци,  за фудбалскиот стадион  под Тумбе Кафе следната годинаќе се издвојат, 80 милоини денари или 1,3 милини евра,  за гасификација на општина Битола, предвидени се 15 милиони денари или 250 илјади евра. За ревитализација на Офицерскиот дом, предвидени се 10 милиони денари , односно 160 илјади евра. За изградба на улици или нивна реконструкција, како и за други инфраструктурни проекти од буџетот на Општината следната година ќе се потрошат околу 70 милиони денари.

Претходно на 6 та седница на Советот, во понеделник на дневен ред ќе бидат прграмите за работа на јавните претпријатија за следната година, како и финансиските планови.  

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани