2win800x200

Нотарите донираа во Домот за доенчиња и мали деца во Битола

Декември 26, 2017

Претседателот на Нотарската комора на Република Македонија, Васил Кузманоски и членот  на Управниот одбор, Виолета Ангеловска, во име на комората, предадоа донација во Домот за доенчиња и мали деца во Битола, која се состои од технички апарати, бебешека опрема и храна.

-Хуманоста и споделувањето се неизоставен дел од празничната традиција која Нотарската комора на Република Македонија ја практикува низ годините. Оваа година ја посветуваме на најмалите, ЈУ Дом за доенчиња и мали деца - Битола кој згрижува повеќе од 60 дечиња, од најмала возраст па се до 3 години. Подадената рака е прифатена од мноштво мали рачиња, а ние се надеваме дека ќе поттикнеме лавина од донации секаде каде истите се потребни, велат од Нотарската комора на РМ.

Нотарската  комора на Република Македонија и во иднина како и до сега,  ќе продолжи со хуманитарни акции и донации во текот на целата година.

26135359 10212694792657868 505893454 n

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани