Септември 24, 2018

НОВА ИНФРАСТРУКТУРА ВО ИНДУСТРИСКАТА ЗОНА „ЖАБЕНИ“

Декември 27, 2017

Во индустриската зона „Жабени“ во тек се интензивни инфраструктурни активности, асфалтирање и поставување на атмосферска канализација. 

zabeni3

Поради проширување на капацитетите на Фабриката „Кромберг и Шуберт“, Општина Битола во моментот врши изградба на коловоз  на улица во должина од 600 метри и паркинг простор со површина од 4000 м2. Вкупната вредност на инвестицијата изнесува 11 милиони  денари. Покрај асфалтирањето,  се врши изградба и на атмосферска канализација со вкупна вредност на инвестицијата од 2 400 455  денари.

zabeni

-На овој начин, Општина Битола ги обезбедува потребните инфраструктурни услови за нормално функционирање на новиот објект на Фабриката „Кромберг и Шуберт“ во Индустриската зона Жабени, а истовремено отвора и можности за привлекување на нови инвеститори, информираат од Општина Битола

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2017 АПЛА.мк. Сите права се задржани