2win800x200

Музичка магија- eврегрин пеат малите и млади битолски „Ѕвончиња“

Декември 30, 2017

Евергринот добива посебна моќ и значење кога ќе прозвучи низ гласовите на малите и млади музички таленти. Ова несекојдневно уживање на битолчани им го приреди Детскиот хор „Ѕвончиња“ , „Тин Ѕвончиња“, камерниот хор „Мелодиум“ придружени од „Наш бенд“ под водство на уметничкиот раководител Марина Коруновска. Концертот „Низ душата на македонската песна“ што предновогодишно се одржа вчера вечер во Народниот театар во Битола покажа дека градот не само што има музички талентиран подмладок, туку ја негува и градската традиција.

 

Низ прекрасните гласови на седумдесетина деца на возраст од три до 18 години  прозвучија безвремените хитови „Бај, Бај“ од „Бубамара“, „Валерија“ и „Опасно сум вљубен во тебе“од Драган Каранфиловски Бојс, „Дали ме сакаш“ од Калиопи, „Насмеј се“ од „Нели ти реков“ и ред други хитови. На овој начин децата од мали нозе учат за вредностите на убавата македонска песна, го градат својот естетски музички вкус што е од големо значење во услови кога музичката сцена за жал, е потисната од турбофолкот.  

Сите песни што ги изведоа „Ѕвончињата“ ја опеаја љубовта, убавината и радоста, па токму со нив и прекрасната изведба хорот на битолчани им посака среќна Нова година. Ова е хор кој има освоено многу домашни и меѓународни награди. Прв детски хор кој ја има претставено Македонија во Рим Италија, а гласовите на дечињата се овековечени со снимање и издавање на пет музички цедеа. 

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани