Пијан битолчанец нападнал лекар од Брза помош

Јануари 11, 2018

На 10.01.2018 година околу во 21,05 часот во Битола на ул.„Васко Каранѓелевски“, пред кафе-бар од страна на екипа од Итна медицинска помош било излезено со цел укажување лекарска помош на паднато лице, односно на В.С.(34) од Битола. Бидејќи бил под дејство на алкохол, од страна на доктор му било укажано дека треба да го пренесат во Клиничка болница, по што В.С. станал и го нападнал докторот, удирајќи го со тупаница во десната слепоочница, нанесувајќи му телесна повреда. Секторот за внатрешни работи Битола презема мерки за расчистување на настанот. 

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани