2win800x200

Божидар Маслинков најксметлија во Здружението за македонско – руско пријателство

Јануари 16, 2018

Регионалното здружение за македонско – руско пријателство „А.А.Ростковски“ од Битола, традиционално со своите членови и пријатели и годинава ја одбележаа Православна нова година со вртење на мазник со паричка.

 

„Традиција на нашето здружение е празнувањето на овој православен христијански празник Василица кој го прославуваме со вртење на мазник со паричка и претставува повод да се собереме сите на едно место со нашите членови и пријатели. Здружението за македонско – руско пријателство во Битола по признавањето на Македонија под уставно име од страна на Руската Федерација е првото здружение кое е формирано во Македонија со седиште во Битола. Нашето здружение работи на промовирање на културата и традицијата на двата народи, а во последните години често организираме посети на Русија каде што имаме можност да ги посетиме руските манастири“ – изјави Пеце Гашатаров, претседател на Здружението.26940791 10208597894985103 1239713916 n

Оваа година паричката се падна на Божидар Маслинков, поранешен ректор на битолскиот универзитет „Св. Климент Охридски“ и долгогодишен член на Здружението за македонско – руско пријателство од Битола. Здружението „А.А.Ростковски“ минатата година прослави 25 години од своето формирање. Од таму испратија покана до сите граѓани на Македонија да ја посетат Руската Федерација.

М.Николовски 

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани