Битола рекордер по бројот на кражби на автомобили

Јануари 17, 2018

Битола е рекордер по бројот на кражби на автомобили во Пелагонискиот регион. Во 2017 година на подрачјето на СВР Битола се украдени 46 возила од кои 32 во Битола, 13 во Прилеп и едно возило во Ресен.

 

- Врз основа на начинот на кој се извршени кражбите, најчесто,  во 50% од случаите, клучевите биле оставени во возилото или на  бравата за стартување на возилото, а во останатите настани искористена е згодна прилика или е одземен клучот од сопственикот на возилото, вели Лефтерија Миленковска, портпарол на СВР Битола.

Половина од украдените возила се веќе најдени.

-Од вкупниот број пријавени настани околу 50% или половина од одземените ПМВ се пронајдени и тоа околу 43% од возилата се од Битола и околу 53% се од Прилеп. Најчесто одземани се: 7 возила различни типови на „Југо“; 7 возила „Фолксваген- Голф“ сите типови; 5 возила „Опел Астра“; 3 возила „Фолксваген Пасат“, вели портпаролот на СВР Битола.

Од полицијата апелираат на поголема внимателност на возачите, односно возилата секогаш да ги паркираат со заклучени врати и затворени прозорци.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани