Лавчански пат веќе не се дави во кал

Јануари 30, 2018

Согледувајќи ги тешките состојби во кои се наоѓаат дел од улиците во периферијата на општина Битола, Општината започна со санирање на дел од нив. Во таа насока, на улицата „Лавчански пат“ извршено е чистење и тампонирање, со што неодамнешната слика на каллива, тешко проодна улица, денес прикажува една комплетно нова состојба.

 

Според кажувањето на жителите од овој дел на улицата, првпат после 10 години инсистирање и барање на интервенција од Општината, еден горлив проблем за нив, конечно е решен.Lavcanski pat pred intervencijata

(Лавчански пат пред интервенцијата) 

Општина Битола, продолжува со инфраструктурни активности и на други локации, со цел обезбедување подобри услови за живот на сите граѓани.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани