Библиотеката утре ќе го одбележи Меѓународниот ден на мајчиниот јазик

Февруари 20, 2018

Утре со почеток во 12 часот во просториите на Националната установа универзитетска библиотека „Св.Климент Охридски“ во Битола во соработка со  Основното училиште „Даме Груев“ од Битола ќе се одбележи Меѓународниот ден на мајчиниот јазик.

 

Одбележувањето ќе започне со  прикажување на  документарниот  филм за кирилицата и словенската писменост во Македонија. Кратко обраќање ќе има директорката на НУУБ „Св.Климент  Охридски“, м-р Јелена Петровска. Со своето излагање манифестацијата ќе ја збогати и м-р Билјана Герас на тема „Мајчиниот јазик – наш идентитет и наша култура“. Модератор на настанот е Божидар Николовски.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани