„Вода за сите “, едукативна трибина на ОУ „Гоце Делчев“-Битола

Март 19, 2018

„Вода за сите“ е насловена едукативнaта трибина на ОУ „Гоце Делчев“-Битола која ќе се одржи во среда во 17 и 30 часот во малата сала на Центарот за култура во Битола. Организатор на трибината е ЕКО одборот на ОУ „Гоце Делчев“, а целна група се ученици од сите основни училишта во градот. Предавачи ќе бидат претставници на ЈКП „Водовод“ –Битола, како и стручни лица од Центарот за јавно здравје. Оваа година акцентот по повод Светскиот ден на водата  е ставен на најмладите, на учениците  со цел да се подигне  свеста кај нив за значењето на водата и пред се за  рационално трошење  на водните ресурси со кои располагаме како држава.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани