Во урбаните средини има 98 проценти самохрани мајки, а во руралните само два

Април 27, 2018

Поголем е бројот на самохрани мајки во урбаните отколку во руралните средини, а најголем проблем со кој се соочуваат е невработеноста. Ова го покажа истражувањето што го спроведе Организацијата на жени од Битола во рамки на прокетот„Реалноста на самохраните мајки во општина Битола“ финансиски поддржан од ЕУ и Граѓанската асоцијалција „Мост“.

 

Со првиот анкетен прашалник беа опфатени 400 самохрани родители, а 90 проценти од нив одговорија дека најголемиот проблем на самохраните мајки е невработеноста. Дури 98 проценти од анкетираните живеат во урбана средина, а само два проценти во рурална. Просечната годишна возраст на самохраните мајки е околу 35 години, а самохрани се во просек по 11 до 12 години. Од 400 во 321 случај причината за самохраност била развод. Од самохраните жени половината биле вработени, останатите не, а некои само повремено.

Организацијата на жени спроведе уште една анкета, со која исто така опфати 400 испитаници, но овој пат граѓани кои не се самохрани мајки. И половината од нив одговорија дека општеството треба да им помага на самохраните мајки со вработување.

Помош им е потребна и на оние кои работат. 72 отсто од самохраните родители одговориле дека сами се снаоѓаат за да го наполнат семејниот буџет. 32 отсто децата ги носат во градинка, уште толку по роднини на чување, а 15 отсто одговориле дека нивните деца сами се гледаат.

„Најкучен збор во нашиот прокет беше реалноста на самохраните мајки. Не дека државата не ги третира, но реалноста на овие жени се уште не е на на ниво на кое треба да биде. Дури и за оние кои работат не е розово. Има мајки кои работат од 6 часот на утро и не можат своите дечиња да ги однесат во градинка. Тој е толку ситен проблем навидум, а толку крупен во реалноста. Во сториите што ги обработивме имаше мајка која не може да дојде на завршната конференција зашто живее во стан каде има 11 скалила , а таа е инвалид и не може да ги помине“, рече Светлана Петковска, претседател на Организацијата на жени.

Дури 82 проценти од самохраните родители се задоволни од градинките, од социјалните институции 52 проценти, а од МВР 21 процент.

„За мене поразителен е податокот што дури 88 проценти од родителите не користеле психо-социјална поддршка , а таа и тоа како е потребна во тие моменти“, рече Светлана Папачек, член на Организацијата.

Податоците беа соопштени на Завршната конференција од проектот во кој со свои истражувачки стории се вклучи и порталот Апла.мк. Објавените текстови на социјалните мрежи достигнаа читаност и над 20 000 пати, десетици споделувања и илјадници лајкови. Тоа се едни од ретките стории каде самохраните мајки со име и презиме јавно зборуваат за своите проблеми и потребите што ги имаат.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани