СФЕРА Македонија со донација за посебните паралелки во ОУ "Ѓорѓи Сугарев"

Април 28, 2018

Како дел од проектот „Граѓанизте се обединети“, од програмата  Европско граѓанство на ЕУ, СФЕРА Македонија, донираше  9 нови врати за паралелките со посебни потреби во ОУ "Ѓорѓи Сугарев" од Битола. Со донацијата комплетно се заменети старите дотраени врати со нови медијапански.

 

-Проектот  има една цел, соединување и здружување на сите деца од маргинализираните групи, деца со посебни потреби и деца од мигранти кои што ги има низ сите држави од ЕУ и плус државите Македонија и Турција кои што се надвор од ЕУ. Денес во ОУ „Ѓорѓи Сугарев“ донираме девет врати за паралелките со посебни потреби. Ова е прв дел од проектот, а потоа следува едукација и интеграција во мултиетничките заедници, рече Милчо Дули, претседател на Здужение СФЕРА Македонија.

 

Во учебвната 2017/2018 година во ОУ „Ѓорѓи Сугарев“ наставата ја следат 611 ученици во редовните паралелки и 40 ученици во посебните паралелки. Наставата во посебните паралелки ја изведуваат 11 дефектолози и еден логопед.

 

-Со цел изведување на квалитетна  настава потребно е да се овозможи задрава и безбедна средина каде што ќе престојуваат учениците и каде што ќе учат. Од тие причини ние покрај соработката со Министерството за образование, Бирото за развој на образованието и локланата самоуправа, градиме соработка со граѓанските здруженија. Голема благодарност до СФЕРА која што ни ги донира овие врати, рече д-р Валентина Стојкоска, директор на ОУ „Ѓорѓи Сугарев“.

 

Со цел продлабочување на соработката и развој на училиштето, директорката ги повика сите граѓански здруженија активно да се вклучат во работата на училиштето, да достават и свои програми кои што би можеле да се вклучат во годишната програма за настава.

 

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани