2win800x200

На денешен ден во 1942 кај Ореово разбиен бил партизанскиот одред "Пелистер"

Мај 03, 2018

НА ДЕНЕШЕН ДЕН - 3 мај, во 1942 година над селото Лавци и во близина на селото Ореово, Битолско е разбиен БИТОЛСКИОТ НАРОДНООСЛОБОДИТЕЛЕН ПАРТИЗАНСКИ ОДРЕД „ПЕЛИСТЕР“.

Бил формиран на 22 април 1942 г. од 19 борци и вршел главно обука на борците. Откако бил лоциран од бугарската војска и полиција, наредниот ден бил опкружен и разбиен.

Притоа загинале народниот херој Елпида Караманди, која всушност, била тешко ранета, заробена и набрзо свирепо убиена, Димитар Николовски-Таки Даскало, Димче Хаџи Поповски, Мара Јосифовска-Ѓурѓа, Ордан Михајловски-Оцката и Ордан Орданоски-Сандански. Заробени биле Ѓорѓи Наумов, Кочо Десано и Блаже Димитровски, кои биле одвдени во скопскиот затвор и таму подоцна биле обесени.

Останатите партизани од Одредот успеале да се спасат и илегално да дејствуваат во Битола.

Подготвил: д-р Александар Литовски, историчар

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани