Ноември 14, 2018

Битолското стопанство моли за квалификуван технички кадар

Мај 14, 2018

Меморандум за соработка чија цел е излегување во пресрет на потребите на пазарот на трудот, како и поставување врска помеѓу образовниот систем и стопанството со изведување на практична настава во реални компании, потпишаа директорите на средното општинско техничко училиште „Ѓорѓи Наумов“ во Битола и фирмата „Монтинг инженеринг“,  Владимир Роме и Томе Тромбев,.

Со воведувањето на задолжителното средно образование се намали интересот на основците за тригодишно образование со што во градот веќе силно се чувствува недостатокот од овие кадри. Бравари, заварувачи, металоглодачи, електроинсталатери и монтери се само дел од занимањата за кои се нудат слободни работни места за кои нема кој да се пријави.

 -Се почесто е обраќањето до нас од стопанственици во градот кои се подготвени веднаш да вработат ученици од споменатите занимања за кои нудат и солидни плати. Како резултат на ваквите потреби го потпишавме овој меморандум за соработка со фирмата „Монтинг инженеринг“ која во моментот има потреба од голем број на образовани кадри со тригодишно образование, вели директорот на Техничкото училиште во Битола, Роме.  

Формата на долгорочната образовна, техничка и апликативна соработка ќе се остварува на следните начини:  организирање и реализација на практична настава за учениците од СОТУ„Ѓорѓи Наумов“ – Битола во „Монтинг Инженеринг“ ДОО Битола; заеднички проекти од истражувачки, развоен и научен карактер;  нудење на можности за вработување на ученици со завршено тригодишно или четиргодишно образование кои практичната настава ја изведувале во „Монтинг инженеринг“-Битола; различни облици на научна, истражувачка и техничка помош;  организирање на курсеви и обуки од страна на СОТУ„Ѓорѓи Наумов“ - Битола и издавање на соодветни сертификати.received 240618986675355

-Ваквата соработка ни е од посебен интерес во пресрет на уписите во прва година во периодот што следи и се надеваме дека обезбеденото вработување ќе биде дополнителна мотивација за основците во изборот на средно училиште каде ќе го продолжат своето образование, додава Роме.

Првиот човек на „Монтинг инженеринг“,Тромбев, вели дека за жал, Битола, нема квалификувани работници, поради лошата стратегија на државата во изминатиот период.

-Последниот период се воочува оваа криза од технички кадар, бравари и заварувачи што се круцијални за нашата фирма, бидејќи поседуваме највисок сертификат за изработка на челични конструкции за извоз во Европа, можеме да работиме на најсложени проекти за европскиот пазар, ама немаме доволно кадар, вели Тромбев, директор на „Монтинг инженеринг“, напоменувајќи дека од 70 вработени во неговата фирма дури 55 се работници , а доколку  ги има на пазарот на трудот би вработиле уште толку.  

Ваква соработка за ученици со тригодишно образование од профилот електроинсталатер и монтер  веќе е воспоставена со правниот субјект „Електро-Тинтле“ д.о.о.е.л. Битола кој веќе неколку години наназад обезбедува работни места на образовани кадри кои произлегуваат од Техничкото училиште.

На повидок е и потпишување на меморандум за соработка со глобалната индустриска групација „Кромберг и Шуберт“ која е посебно заинтересирана за кадрите што произлегуваат од образовниот профил автотехничар-мехатроничар, велат од Техничкото училиште во Битола.

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2017 АПЛА.мк. Сите права се задржани