2win800x200



Почитувани граѓани, иако сите институции, надлежниот инспекторат за локална самоуправа утврди и потврди дека ја зборувавме вистината, кога стануваше збор за незаконско разрешување на членовите на управните и надзорните одбори на 27 седница на Советот на општина Битола, циркузите не стивнуваат и никако да преовлада разумот и рационалното однесување за доброто на Битола и битолчани.  

По извршениот вонреден инспекциски надзор на Инспекторатот за локална самоуправа, а на барање на градоначалникот Тони Коњановски, Инспекторатот донесе решение со кое се изрекува опомена на претседателката на Советот на општина Битола Габриела Илиевска. Станува збор за втора опомена за незаконско и неделовничко работење на претседателката Илиевска. Оваа, втората, се однесува за утврдените неправилности при донесените решенија за разрешување на членовите на управните и надзорните одбори на ЈКП Водовод, ЈКП Комуналец, ЈП за изградба и одржување јавен простор за паркирање и уредување и организирање на јавен превоз на патници во општина Битола, ЈП Пазари, ЈП ИЗ Жабени и Културно информативниот центар, а се однесуваат на непочитување на одредбите од член 17 - ѓ и член 26 - а од Законот за јавни претпријатија.

Рокот за извршување на изречената инспекциска мерка на донесеното решение е 15 дена од денот на приемот на решението, а субјектот на инспекциски надзор е должен веднаш по истекот на рокот определен за извршување на инспекциската мерка, а најдоцна во рок од три дена, писмено или по електронска пошта да го извести Инспекторатот дали е извршена инспекциската мерка.

Почитувани, останува отворено прашањето на совеста и одговорноста на колегите советници од СДС, Поинаку, ДОМ и ДУИ дали и натаму ќе го трошат и узурпираат времето на битолчани и општинската администрација исклучиво со голо политиканство или сериозно ќе се исправат пред обврската, со која ги задолжиле граѓаните, давајќи им ја довербата.

Битола нема време за губење, а евтините политички трикови одамна веќе не врват! Се друго е прашање на личен стајлинг и лична одлука!  

 

 
Денес РЕК Битола по којзнае кој пат работи со само еден блок.
Три блока докажавте дека не можете да ставите во функција.
Ама…,  увозот ќе се зголеми.
Директорот на РЕК Битола наместо да се заканува може барем да се обиде, иако многу тешко му оди до сега, да обезбеди стабилно производство на електрична енергија. 
Основната негова обврска - стабилно производство не електрична енергија за жал сите овие години на владеење на СДС е само мислена именка.
Дегутантно е веќе тоа што го правите, реалноста покажува дека ја навредувате интелигенцијата и на најмалите. По којзнае кој пат ви препорачуваме - Концентрирајте се на работата, а не на политикантството во РЕК Битола и,  обезбедете континуирана работа на барем два блока со максимален капацитет. 
Сега, да се вратиме кај провизиите.
Останува отворено прашањето : 
Дали на повидок е нов огромен одлив на државни пари со задолжителни провизии за енергетските кланови во Државата?
Прашањето го базираме на одредни сознанија но и јавната тајна дека со секој увоз на струја, за одредена привилегирана група блиска до крималната власт следи и задолжителна провизија. (и) Колку увозот е поголем - поголема е и провизијата. Но, само на увезената струја, а не и на домашно произведената. И, што помалку струја произведуваат, логично повеќе увезуваат. 
Крајната сметка како и секогаш, ја плаќаме сите ние, ГРАЃАНИТЕ. 
На крајот, Ве прашуваме уште, каде по пат го изгубивте трансформаторот потребен за функционирање на третиот блок?
Неспособни сте, со трајни последици по Државата и сите нејзини граѓани.     
ОДЕТЕ СИ!!!

 

 Интегрален текст од прес конференцијата на Васко Мавровски, портпарол на ОК ВМРО-ДПМНЕ Битола

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани