2win800x200

Ако не сте ја чуле изреката „се врти како куче на касапница“, погледнете ја само сликата и се ќе ви биде јасно.

Во селото Палсница на пет минути бил прекинат изборниот процес заради давање на помош од едно на друго лице при гласање, соопштија од битолската полиција.

Случајот бил регистриран, а потоа гласањето продолжило без проблеми. 

Од Битолската полиција соопштија дека денес не се пријавени други инциденти. 

Со тапани и зурли, денеска напладне беа пречекани гласачите, кои гласаа на двете изборачки места во битолскиот Музеј. Музиката се слушаше  се до Широк Сокак, а свирачите  велат дека овој пат не свират само за турските турсти кои доаѓаат во посета на Музејот , туку и за гласачите,  со песна да им помине гласањето.

ВМРО-ДПМНЕ , во Битола, разубедувало гласачи да не гласаат за кандидат за градоначaлник на 15 октомври. Членови на партијата од населбата Јени Mаале, велат дека лица од општинскиот комитет ги разубедувале дека големата излезност би одела на контото на СДСМ, и би значела победа во прв круг на Наташа Петровска.

Страница 4 од 4

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани