2win800x200

Вкупно 41 вработено лице од фабриката „Кромбер и Шуберт“ Битола, од четвртокот до денес добиле симптоми на труење со храна. Од првата менза, од четвртокот до денес, 30 лица, поради што пред три дена таа била затворена, а денес уште 11 вработени со симптоми на труење од храна кои јаделе во втората менза која исто така е затворена, потврди Иринка Сотирова- Бухова, директорка на Државниот санитарен и здравствен инспекторат.

„Во четвртокот ја добивме правта дојава дека вработени во фабриката ‘Кромберг и Шуберт' имаат симптоми на труење од храна. Тогаш излегоа на терн инспектори заедно со надлежни од Центарот за јавно здравје-Битола и притоа ја затворија едната од двете мензи. Од таму 30 луѓе кои конузмирале храна добиле симптоми на труење“, рече Сотирова- Бухова.

Во текот на денешниот ден добиле известување од Центар за јавно здравје од Битола дека има 11 вработени од истата фабрика со симптоми на труење кои конзумирале храна во втората менза.

„И таа менза е затворена. Не би знаеле колку лица ќе бидат оти на дневна основа околу 5000 оброци се делат во фабриката од двете мензи. Земени се мостри од храна, од работни површини брисеви од раце, нос и грло од вработените за да се види дали е бактерија во храната, на работните површини или носител од вработените. Во понеделник треба да бидат готови првичните резултати од мострите и бирсевите од првата менза“, вели Сотирова Бухова.

Досега нема хосипитализации, само дел од вработените добиле лекарска помош во дневна болница.

Вработените од двете мензи јаделе иста сала, но сепак се испитува дали станува збор за труење со храна.

Во фабриката за автомобиски кабли „ Кромберг и Шуберт“ кој е најголем приватен работодавач во Битолско oд денес со работа делумно започна и втората смена. Со ова на работа се вратени 2000 вработени.

Училиштето ОУ „Коле Канински“ доби донација за реновирање на санитаријата. Имено, пред две недели училиштето достави барање до „Кромберг и Шуберт“ за реновирање на санитаријата, па компанијата му излезе во пресрет на училиштето и достави санитарија во вредност од 1.000 евра во производи.

Донираните производи ќе помогнат во намалувањето на потрошувачката на вода и ќе ја подобрат хигиената во училиштето.

Пред една година беше реновирана дел од сантиријата во училиштето, но не целосно. Со оваа донација, санитаријата во централното училиште „Коле Канински“ се комплетира целосно.

donacija 1 19 12 2019

2donacija 1 19 12 2019

3donacija 1 19 12 2019
4donacija 1 19 12 2019

Страница 1 од 2

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани