Генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ Игор Јанушев обвини дека за време на изборниот ден во Битола било присутно, како што рече „целокупното подземје на градот , осудени криминалци, кои ги заплашуваа граѓаните да гласаат за власта“.

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски рече дека во МВР бил пријавен еден случај на организирано носење на гласачи на едно избирачко место во Битола, меѓутоа утврдено е дека пријавата е неоснована.

Од СВР Битола велат дека пријави за заплашување на гласачи не добиле во текот на денот. Жалби од граѓани за изборниот процес нема ни во Канцеларијата на народниот правобранител во Битола.

Македонските гастарбајтери, брачниот пар Стево и Данка Ризновски, по 50 години работа во Германија, се вратија во родното село Могила за да гласаат на претседателските избори. И по петдецениски престој во Германија, не извадиле германски пасош, туку ги задржале само македонските патни исправи.

Стево Пендаровски е во благо водство пред противкандидатката Гордана Силјановска Давкова според резултатите на ДИК на ново на држава од обработени 97,51 процент од гласачките ливчиња.

Во општина Битола, според ДИК, во водство е кандидатката на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата Гордана Силјановска Давкова со освоени 17992 гласа во однос на кандидатот на СДСМ Стево Пендаровски, кој освои 17766 гласа. Разликата е 226 гласови.

Од останатите општини во Југозападна Македонија, кои се во близина на Битола, Стево Пендаровски води во Ресен и Крушево, додека пак, во Могила, Демир Хисар и Новаци повеќе гласови освои Силјановска Давкова.

 

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани