Советникот од независната група Поинаку, Иван Чулаковски, на својата ФБ страница апелираше  градоначалникто Тони Коњановски да побара одгвороност од изведувачаот и надзорот за  новиот  кружниот тек кај Ветеринарната станица 

-Уште една манипулација од градоначалникот Коњановски , затоа што тој проект за изградба на кружен тек кај Ветеринарното беше во програмата за економски развој, и ние велевме дека таму треба да има кружен тек, но не во габарит на фудбалско игралиште, кој што е непотребен и нефункционален, ќе го оштети зеленилото, кажавме јасно и гласно дека нема да дозволиме сечење на дрвјата. Ние ја поддржавме програмата за економски развој во која што ветуваат нова Противпожарна станица, мултифункционален спортски објект, се што опфаќа таа програмата, а тука е и кружниот тек. На 28 декември 2022 година, советничката група на СДСМ и коалицијата гласаа "ЗА" за амандман предложен од ДПМНЕ со кој требаше да се предвидат пари во буџетот за изградба на кружен тек кај Ветеринарното под услов проектот да биде ревидиран и да не предвидува сечење на дрвјата и зеленилото во околината. Тие ветија дека нема да биде истиот проект на Владимир Талески, кој што не го прифатија граѓаните, а го одби и Советот, беше стопиран, ветија дека ќе има нов проект. Градоначалникот Коњановски и советниците на ВМРО-ДПМНЕ поддржуваат проект на Владимир Талески, за кој ние сме на истиот став и тогаш и сега, тој проект не е добар, вели Борче Корелвски, советник од СДСМ 

 исечок од 22 Седница на Совет на Општина Битола (28.12.2022)

Се врати филџанот

Јануари 18, 2022

Филџанот кој како симбол на Битола беше поставен на кружниот тек кај Педагошка, по обновата, комуналците денеска повторно го враќаат на место. 

Страница 1 од 2

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани