2win800x200

Градежни материјали,  ’рѓосана арматура и шут,  расфрлани околу опжарениот планинарски дом Копанки. Вакви купишта и  ѓубре  има под дрвјата настрана од градилиштето, кое ниту е заградено, ниту обезбедено, реагираат битолчани кои деновиве се искачија на Копанки и со апла.мк споделија фотографии и видео од околината на домот за чија обнова  Општина Битола лани во август донираше   3,8 милиони денари (62.000 евра).

Моментално запрени се работните активности за обнова на планиансркиот дом Копанки на Пелистер. Од Планинарско-спортскиот клуб „Пелистер“, кој стопанисува со домот, изјавија дека теренот е расчистен и подготвен за да почне обновата, однесени се песок, цемент, арматура (узенгии за цел објект), но арматурата железо во шипки во должина од 12 метри не може да се пренеси со жичницата која е дел од Ски-центарот „Копанки“, па се бараат алтернативни начини за пренос.

„Наша обврска е набавка на градежен материјал и пренос на материјалот од жичницата на Ски-центарот Копанки до планинарскиот дом, обезбедување вода и електрична енергија. Фирмата што ќе ги извршува градежните работи со машина го расчисти и спреми теренот во објектот, како нивна донација обезбедија и песок. Набавен е цемент и железо за обнова на целиот објект, ќе се носи според потребите. За почеток на градежните активности однесен е песок, цемент, арматура (узенгии за цел објект) останува да се однесе арматура железо во шипки , но спречени сме да го пренесеме со жичницата затоа бараме алтернативно решение за пренос и од овие причини моментално се запрени работните активности“, вели Димче Попов, претседател на ПСК „Пелистер“.

Од ЕСМ Молика кои стопанисуваат со жичницата и ски центарот „Копанки“ велат дека тие уште од март целосно ја имаат ставено на располагање жичницата за да се префрлат сите градежни материјали за обновата на домот Копанки, но оние кои се безбедни и нема да предизвикаат опасност на жичницата. Преносот на железните шипки е комплицирано и бара посебни услови, може да презивика и оштетување на жичницата, па затоа им укажале на ПСК „Пелистер“ да бараат алатернативен начин за транспорт на тој материјал. За да се излезе во пресрет на обновата на домот, дури и ремонтот на жичницата наместо за август е преместен за септември.

До местото каде е прланинарскиот дом Копанки, кој изгоре пред десет години, не води асфактен пат, туку само планинарски патеки, жичница и ски патека. Стариот дом кој изгоре во 2013 година, беше изграден пред 85 години кога немаше жичница, а најголемиот дел од материјалите планинарите енузијасти ги носеа на раце и влечејќи ги со коњи.

Инаку реконструкцијата треба да започне со донација од Општина Битола од 3,8 милиони денари (62 000 евра) , но тоа нема да значи комплетна реконструкција на домот зашто тие пари не се доволни за целосно да се изгради во услови кога цените на градежните материјали растат.

„Финансиските средства што ги донираше Општина Битола лани во август во износ од 3,8 милиони денари (62 000 евра) не се доволни за обновата на планинарскиот дом Копанки од причина што драстично се зголемени цените на градежните материјали и работната рака и се надеваме на додатна финансиска помош од општина Битола“, вели Попов.

Со парите се изработи проект, негова ревизија, се избра надзор. Потпишан е и договор со градежна фирма „Стентон градба“ за негова обнова. Деновиве градоначалникот на Битола, Тони Коњановски изврши увид на Копнаки при што беше информиран дека во првата фаза – карабина, планирано е објектот да биде завршен пред почетокот на зимата.

Ж.З. 

Денеска започна дотурот на материјали за обнова на планинарскиот дом Копанки на Пелистер, откако Советот на Општина Битола ги префрли средствата за оваа намена на ПСК Пелистер. Од клубот деновиве на ФБ ги повикаа граѓаните да земат учество и да помогнат.

 

 IMG 8f2175e7294216ed2425bfb22376332b V

"На ден 29 и 30.10.2022 со почеток од 08.00 ч.ќе се врши дотур на материјали  за обнова на домот ,СИТЕ Битолчани кои сакаат да придонесат за обнова на домот треба да се појават на збирно место Хотел Молика
Со почит ПСК Пелистер. Аирлија да е" 
 
IMG a303327b3ec4130cc8f9962486f5d187 V
 
IMG 9667e80b683c612e4a0cc692db086ffa V

И градинката "Пролет", клон на ЈУДГ "Естреја Овадија Мара" е целосно обновена и со нов изглед.

Страница 1 од 2

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани