Општина Битола, јавните претпријатија: „Водовод“, „Комуналец“ и „Нискоградба“ и три приватни фирми, денес, по повод Меѓународниот ден на планетата Земја, организираа акција за расчистување на диви депонии со цел преку заеднички и организиран пристап да се придонесе кон почиста животна средина и да се подигне еколошката свест кај населението.

На првиот ден на пролетта во еколошки акции, битолските јавни претпријатија чистеа депонии во градот. Кревети, фотељи, телевизори, теписи, ќебиња и што уште не, можеше да се најде и во централното градско подрачје, но и во пооддалечените места.

Во Битола сеуште врне снег со зголемен интензитет. Во изминатите 24 часа новиот снежен бран од 30-тина, а наместа и 40 сантиметри, кој се надополни на веќе постоечкиот снег, донесе нови отежнувања во сообраќајот и одвивањето на секојдневните активности во Битола. Утринава, повторно започна координираната акција на Општина Битола со јавните претпријатија во градот, кои со своите екипи, иако постојано се на терен, ги мобилизираат сите свои капацитети за нормализирање на коловозите и тротоарите во градот и околните населени места, соопштија од Општина Битола. 

Во соопштението пишува дека од вчера, КЈП „Нискоградба“ на терен исфрли околу 30 тони сол и околу 50 тони ризла низ сообраќајниците, а ставена е во функција целокупната механизација за чистење на коловозите. До утринава, оспособени се улиците од прв и втор приоритет, а се чистат патните правци кон населените места надвор од градското подрачје на Општина Битола. Се очекува 90% од населените места надвор од градот до претпладневните часови да имаат проодни патишта кон градот, по што ќе се пристапи кон чистење на пристапните улици од градските населби, кои не се опфатени со планот од прв и втор приоритет.

ЈП „Комуналец“ со своите екипи врши чистење на тротоарите, мостовите и пешачките патеки за оспособување на движењето на граѓаните. По главните коловози, на кои има тротоари, чистењето се одвива со механизација, а наместа работниците чистењето го вршат рачно со лопати, по што тротоарите се попрскуваат со ризла. Паралелно, вработените го чистеа градското шеталиште и парковите во градот, кои веќе имаат проодни пристапи. Главен проблем со кој се соочуваат екипите на „Комуналец“ е отстранувањето на ѓубрето, кое е отежнато во помалите улици поради затрупаноста со снег, но исто така и поради пристапите до контејнерите со ѓубре, кои се затворени од паркираните автомобили. Од ова јавно претпријатие апелираат граѓаните да не ги блокираат контејнерите за отпад, а истовремено, поради отежнатата проодност во помалите улици, ги замолуваат граѓаните на трпеливост во однос на собирањето на сметот.

Од ЈКП „Водовод“ информираат дека во текот на изминатите 24 часа, поради попуштање на температурите на сегашните -3 степени, по вчерашните -15, пријавено е оштетување и пукање на околу 70 нови водомери. Од таму велат дека водоснабдувањето во градот е нормално и тековно, но ги замолуваат граѓаните да ги заштитат своите водомери, затоа што со покачувањето на температурите се очекуваат нови дефекти.

Јавните претпријатија на денешната координативна средба ги договорија и активностите околу отстранувањата на големите количини снег. Откако ќе биде намалена потребата од постојано чистење на коловозите и тротоарите поради врнежите од снег кои сеуште траат, во текот на наредните денови и во текот на престојниот викенд механизацијата и работната сила ќе биде вклучена во отстранување на големите количини снег кои се оставени на рабовите на коловозите, по Широк Сокак и Старата чаршија.

Претпладнево Општина Битола и СВР Битола ги договараа активностите во однос на поголема координација на битолската полиција за справување со актуелната состојба, со соодветни насоки за зголемена безбедност во сообраќајот и движењето на пешаците. Апелот од СВР Битола до возачите е да не ги паркираат автомобилите на улица, затоа што во вакви услови дополнително се блокира отежнатиот сообраќај во градот.

Општина Битола апелира до граѓаните на поголемо разбирање за актуелната состојба во градот поради енормните снежни врнежи, која е речиси невозможно да се предвиди во вакви размери. Исто така, Општина Битола апелира на поголема совесност до граѓаните да не го фрлаат снегот кој го чистат од домовите и тротоарите, на коловозите кои се веќе исчистени со механизација.

На јавна трибина директорите на петте  јавни претпријатија во Битола дадоа отчет што сработиле во изминатат година од кога ги презедоа функциите. Во малата сала во Центарот за култура во Битола, пред граѓаните тие зборуваа во каква состојба ги затекнаа претпријатијата, што исполнија од предвидените задачи и што планираат за следната година. Поздравен говор и сублимат на работата на јавните претрпијатија во изминатата година даде и градоначалничката Наташа Петровска која им се заблагодари на граѓаните за укажаната доверба.

Страница 1 од 3

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани