Платеното рекламирање- опасност од корупција во медиумите

Ноември 22, 2021

Платеното политичко рекламирање со себе носи опасност од корумпирање на медиумите и заробување на нивните уредувачки политики и поради тоа мора да се смени, т.е.  да се врати праксата политичките партии сами да си ги плаќаат трошоците за своите предизборни кампањи, или целосно да се забрани. Ова го покажува Извештајот на „Метаморфозис“ за реформите во медиумскиот сектор под наслов: Реформи на половина пат – политичката волја час ја има, час ја нема

Платеното политичко рекламирање засега е најопасната форма на одлевање јавни пари во приватни медиуми, легализирана преку Изборниот законик. Праксата досега покажа дека на овој начин, преку парламентарни, локални и претседателски избори, во медиумите се слеваат во просек по околу 3,5 милиони евра за секој изборен циклус. За локалните избори во октомври 2021 година, вкупната сума е нешто под 5 милиони евра.

Ако се има предвид дека вонредните парламентарни избори во Северна Македонија и не се реткост, како и повремени вонредни избори за градоначалник поради непредвидени околности, имајќи го предвид и референдумот за името, за кој исто така се одлеаја нешто под еден милион евра, станува јасно дека овој начин на финансирање на медиумите, иако не е главен, е значителен во нивните приходи.

Но, таквата пракса, иако легална, со себе носи опасност од политичко корумпирање на медиумите и заробување на нивните уредувачки политики и поради тоа мора да се смени, т.е. да се врати праксата политичките партии сами да си ги плаќаат трошоците за своите предизборни кампањи или, како што беше споменато од еден од експертите во фокус-групата, целосно да се забрани.

Дека станува збор за модел што е препознаен како потенцијална опасност од политичка корупција на медиумите со јавни пари се изјасни и Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК). Комисијата уште во 2019 година соопшти дека законското решение медиумските кампањи на субјектите во изборите да се плаќаат од државиот буџет е опасна и може да доведе до корупциски феномени во медиумскиот простор:

Конкретно, буџетското финансирање на платената политичка програма за изборна кампања е потенцијален ризик за корупција и создавање клиентелистички однос.

Антикорупциската комисија, во истиот документ и на истата страница што е посочена во референцата во претходната реченица на овој извештај, се изјаснува и за субвенционирањето на печатените медиуми:

Врз основа на одлука на Владата на Република Северна Македонија, донесена е програма со која печатените медиуми добиваат државна помош за обезбедување на нивната одржливост. Меѓутоа, критериумите врз основа на кои се одобрува таквата помош се недоволно прецизни и овозможуваат ненаменско користење на доделените средства.

Засега нема никаков официјален одговор од Владата на ваквите предупредувања и забелешки на ДКСК, јасно посочени во Националната стратегија за спречување на корупцијата.


https://vistinomer.mk/wp-content/uploads/2021/09/ned-logo-768x180.png 768w, https://vistinomer.mk/wp-content/uploads/2021/09/ned-logo.png 873w" alt="" width="300" height="70" class="size-medium wp-image-106627 alignleft b-loaded" style="margin: 5px 20px 15px 0px; float: left;" />Овој напис е изработен во рамките проектот Проверка на фактите за напредокот на Северна Македонија кон ЕУ, имплементиран од Фондацијата Метаморфозис. Написот, кој е првично објавен во Вистиномер, e овозможен со поддршка на американската непрофитна фондација NED (National Endowment for Democracy). Содржината на написот е одговорност на авторот и не секогаш ги одразува ставовите на Метаморфозис, НЕД или нивните партнери.

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани