Саморегулацијата и Ресгистерот на медиуми профункционираа

Ноември 22, 2021

Во контекст на заложбите за што поголемо почитување на етичките стандарди во известувањето, во декември 2019 година СЕММ заедно со ЗНМ и во соработка со Стопанската комора на Македонија го претставија првиот Регистер на професионални онлајн-медиуми „Промедиа“, се вели во Извештајот на „Метаморфозис“ за реформите во медиумскиот сектор под наслов: Реформи на половина пат – политичката волја час ја има, час ја нема

Додека радиодифузерите и печатените медиуми се законски регулирани, интернет-медиумите не се дел од законска регулација, иако се признати како такви во Изборниот законик, но не и во некој посебен закон.

Интернет-медиумите, иако не само тие, веќе неколку години се предмет на саморегулација, што ја води Советот за етика на медиумите во Македонија – СЕММ. Саморегулацијата, иако критикувана и неразбрана во целост при почетоците во 2015 година, досега растеше како процес и беше прифатена од значителен број медиуми во државата (иако не и од петте приватни радиодифузери со национална концесија за емитување), вклучувајќи и голем број од интернет-медиумите. Бројот на претставки на граѓаните за известувањето на медиумите до Комисијата за жалби при СЕММ од година на година е во пораст и, според статистиката што СЕММ ја објавува на годишно ниво, за 2020 година изнесувал 140 жалби, за кои се донесени одлуки. Притоа, најголемиот број жалби и донесени одлуки се однесувале токму на онлајн-медиумите – 127 случаи.

Од заклучоците на фокус-групата може да се разбере дека „процесот на саморегулација во РСМ е веќе факторизиран и докажан како успешен“. Како поткрепа на ваквото тврдење беше наведено дека речиси сите медиуми, и тие што се и тие што не се членки на СЕММ, одговараат и реагираат на одлуките на Комисијата за жалби – централното тело при СЕММ што расправа за жалбите упатени за известувањето на медиумите.

Во контекст на заложбите за што поголемо почитување на етичките стандарди во известувањето, во декември 2019 година СЕММ заедно со ЗНМ и во соработка со Стопанската комора на Македонија го претставија првиот Регистер на професионални онлајн-медиуми „Промедиа“. Во целите за постоењето на Регистерот како најважна е издвоена „промоција и афирмација на медиумите што ги почитуваат професионалните стандарди“, „афирмирање на саморегулацијата во медиумите“, но и да се „поддржат бизнис-заедницата и маркетинг-секторот во препознавањето на професионалните медиуми заради натамошна соработка со нив“.

Во моментот на пишување на овој извештај, според извори од СЕММ, претстои процес на зајакнување на Регистерот преку прочистување на медиумите што не се придржуваат до критериумите за членство, но и преку проактивна поддршка од бизнис-заедницата за нивно рекламирање во онлајнмедиумите, за што веќе се забележани први чекори кај една поголема компанија. Од СЕММ бараат и поголема поткрепа од државата за значењето на овој регистер, со предлог дека тој би можел да биде искористен, на пример, како алатка за тоа кои медиуми можат да влезат во регистерот на Државната изборна комисија за следење на предизборните кампањи и изборните процеси, со цел да добијат можност за платено политичко рекламирање со јавни пари.


https://vistinomer.mk/wp-content/uploads/2021/09/ned-logo-768x180.png 768w, https://vistinomer.mk/wp-content/uploads/2021/09/ned-logo.png 873w" alt="" width="300" height="70" class="size-medium wp-image-106627 alignleft b-loaded" style="margin: 5px 20px 15px 0px; float: left;" />Овој напис е изработен во рамките проектот Проверка на фактите за напредокот на Северна Македонија кон ЕУ, имплементиран од Фондацијата Метаморфозис. Написот, кој е првично објавен во Вистиномер, e овозможен со поддршка на американската непрофитна фондација NED (National Endowment for Democracy). Содржината на написот е одговорност на авторот и не секогаш ги одразува ставовите на Метаморфозис, НЕД или нивните партнери.

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани