Webp.net gifmaker

Екс градоначалникот на Могила, Стево Пивковски, за апла.мк , изјави дека она што го објавува Јасмина Гулевска, актуелната градоначалничка на Могила е чиста небулоза.Гулевска вчера обвини дека Пивковски за сметки по кафеани во изминатите 5 години потрошил над 52 илјади евра од буџетот на општината.

-Гулевска беше советник во предходниот состав на Општина Могила 4 и пол години и точно знае кој јадел и кој пиел, кој реално ги трошел тие пари. Ја прашувам со кои камења фрла по мене?

Само еден месец по преземањето на функцијата новата градоначалничка на Општина Могила Јасмина Гулевска, веднаш се зафати со сериозна обврска да гради училиште во селото Ношпал.

Станува збор за монтажен објект со три училници во кои во две комбинирани паралелки ќе учат 14 ученици.

-Моментално во ОУ"Браќа Миладиновци" во селото Ношпал учат 14 деца. Училиштето го гради МЗТ „Инжинеринг- Битола“. Станува збор за монтажно училиште со три училници. До кота 0.0 обврската е на општина Могила во износ од 702.500 денари додека делот над кота 0.0 е обврска на Министерството за образование и тој износ не е познат на општина Могила, велат од општина Могила.

Во општина Могила во вториот изборен круг силите ќе ги одмерат Јасмина Гулевска од коалицијата на СДСМ која претходно освои  1313 гласови или 35,31 проценти и Стевче Пивковски, независен кандидат позади кој застана и ВМРО-ДПМНЕ  со освоени 1415 гласови или 38,06 приценти во првиот круг. Разликата меѓу Пивковски и Гулевска е мала и со состои од 102 гласови.

Страница 7 од 7

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2020 АПЛА.мк. Сите права се задржани