Управниот Одбор при ЈКП “Водовод” Битола донесе одлука за спроведување на олеснителни мерки за граѓаните на Општина Битола и околните места кои ги користат водоводните услуги на претпријатието за време на траењето на пандемијата со COVID 19.

 Се со цел да се излезе во пресрет на граѓаните како и на правните лица во моменталната состојба во која се наоѓа државата, од страна ЈКП “Водовод” Битола нема да се пресметуваат камати за задоцнето плаќање, а на граѓаните кои имаат поголеми суми за наплата, им се дава можност плаќањето да го вршат на рати се додека трае вонредната сосотојба во државата. Доколку во меѓувреме некој корисник на услугите на ЈКП “Водовод” Битола добие предлог од нотар за тужбено побарување, да се јави во дирекцијата на ЈКП “Водовод” Битола на улица “Климент Охридски” бб, во соба број 14 - правна служба. 

Од Јавното претпријатие „Водовод“ апелираат граѓаните сметките да ги плаќаат преку нивниот портал за електронска наплата на сметки, со цел да да можат во услови на пандемија од коронавирусот да седат дома, а да ги подмират сметките. За да извршат уплата и дополнителни информации граѓаните треба да го отворат следниот линк

 http://vodovodb.mk/


Со првиот чекор во наплатниот центар на трите јавни претпријатија „Водовод“, „Нискоградба“ и „Комуналец' , ќе ве пречекаат вработени од претпријатијата кои ќе ви понудат дезинфекција на рацете со соодветно дезинфекциско средство. Ако се знае дека честото миење на рацете е неопходно за да се ограничи ширењето на инфекции, во овој случај со дезинфекција на рацете се намалува ризикот од пренесување на вирусот и се штитат не само граѓаните кои дошле да ги платат сметките за вода, туку и вработените во наплатните центри, велат од  јавните претпријатија. Вработените љубезно ќе ве информираат дека дезинфекцијата е добар начин да ги неутрализирате бактериите и вирусите на нашите  раце. Средството за дезинфекција за раце тоа го прави на  оптимален начин, така што вашето здравје ќе  биде добро заштитено додека  се допираат одредени површини каде што има поголема феквенција на луѓе.

-Ме изненади гестот на вработените, и тоа многу позитивно, веднаш штом  влеговме во новиот наплатен центар љубезно ни понудија дезинфекција на рацете, и за тоа им сме благодарни, бидејќи и ние како граѓани допираме различни површини, предмети,  други лице,  облека, што може да има честички. Вака безбедни се и граѓаните, ама и вработените во наплатниот центар. Добро е што јавните претпријатија и институциите се грижат за нас граѓаните, вели битолчанка. 

в 5

ЈП „Водовод“ претходно ги презеде сите превентивни дезинфекциони мерки за сите објекти на претпријатието, а тие  мерки ќе се повторуваат и во иднина, по потреба. Вработените имаат на располагање заштитна маска и ракавици, а средства за чистење на рацете со раствор на алкохол се поставени во сите работни простории. Во ова јавно претпријатие согласно одлуките на Владата за превенција од ширење на Ковид 19  на огласните табли поставени се информативни содржини за превенција од ширење на Ковид 19. 

в 2

в 3

в 4

 

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани