Секцијата на жени и Комисијата за културно-забавен живот при Здружението на пензионери од Битола расправаа за активностите и програмата што треба да се организираат во следната година.

Претседателката на Здружението на пензионери Деница Петличкова која присуствуваше на состанокот во своето излагање истакна дека и натаму најпрво треба да се води грижа за здравјето и стандардот на пензинерите, но и да се организираат манифестации кои ќе овозможат нивни креативни активности, со кои ќе се продонесе пензионерскиот живот и пензионерите да не се чувствуваат понастрана од сите останати активности што се организираат во државата.
 
Се разговараше пензионерите и следната година со средства од Здружението да организираат повеќе патувања за посета на знаменитостите и убавините на Македонија, но и доколку има заинтересирани, дел со сопствени средства, да се посетат и некои соседни земји за да присуствуваат на нивни културно забавни манифестации. 
 
По повод престојните новогодишни и Божиќни празници на 22 декември годинава ќе се одржи забава на заинтересирани пезнионери. Дел од трошоците за неа ќе ги подмири Здружението на пензионери кое е и во наредната година во соработка со волонтерите на Црвениот крст ќе продолжат да ја спроведуваат акцијата за посета и хуманитарни активности за помош на пензионерки од руралните средини.
 
Предлог програмата што ќе биде подготвена за активностите во следната година ќе биде разгледана  и од страна на другите органи на Здружението на пензионери од Битола и ќе биде дополнета, а потоа и прифатена за спроведување.  
plan3
 
 plan4

Извршните одбори на Здруженијата на пензионери  од Битола и Прилеп на третата по ред заедничка седница расправаа за актуелните прашања од работата и животот на пензионерите од  овие две збратимени здруженија. 

 
Претседателката на Здружението на  пензионери од Битола, Даница Петличкова, истакна дека со околу 20 000 пензионери, ова здружение од Битола е најмногубројно во државата поради што и неговите активности се најразновидни и забележителни. Неодамна за пензионерите се склучени договори на четири рати да им бидат доставени 27 тони свинсо месо, а до средината на овој  месец се очекува сите пензионери да ги обезбедат огревните дрва. 
десета
 
Петличкова рече дека во 31 огранок на ова Здружение се чувствува потреба за отворање на нови пензионерски клубови зашто во постојниот клуб посетителите се задоволни од неговото функционирање. 
 
Славко Трајкоски, претседател на Извршниот одбор на Здружението на пензионери од Прилеп, ги спомена нивните постигнати резултати на Пензионерските спортски игри, нагласувајќи дека овие две здруженија треба да востановат и повеќе други форми за соработка. 
 
Крсте Белевски, претседател  на Собранието на пензионери од Битола, ги запозна присутните дека во тек е постапката на пензионертите да им бидат ставени во владение сите старски домови кои се изградени со средства на пензионерите од Македонија. На заедничката седница меѓу членовите на Извршните одбори од Битола и Прилеп присуствуваше и претседателот на Сојузот на здруженијата на пензионери од Македонија, м-р  Илија Адамовски кој рече дека во овие два града има повеќе пензионери отколку во Источниот дел на државата заради што треба тие и натаму да изнајдуваат разни форми за соработка и со хумани донации да се грижат за  подобрување на стандардот и здравјето на пензионерите. 
 
И низ останатите дискусии на другите присустни исто така беше   нагласена потребата за уште поуспешна соработка меѓу пензионерите од здруженијата во Битола и Прилеп. 
11 та
 
12 та
 
13 та
 
 
 

СООПШТЕНИЕ

 

Здружението на пензионери Битола им соопштува на своите членови старосни,семејни и војни пензионери дека уписот за свински половинки ќе започне на14.11.2022 год.секој работен ден од 10.30 до 13.30час. во салата за состаноци на први кат

Цената е 258 ден/кг.

Плаќањето е на четири рати.

Првата рата се плаќа со запишувањето,а другите три рати во зависност од килограмите.

При уписот да се носи талон од пензија не постар од 3(три)месеци и лична карта.

                                       Здружение на пензионери

                                                            Битола                      

Пензионерите се една од нашите приоритетни целни групи, тоа се наши сограѓани за кои креираме политики со кои сакаме да им го подобриме квалитетот на животот, рече за средбата во Битола со Здружението на пензионери, министерката за труд и социјална политика Тренчевска.

„Затоа ги организираме овие средби со здруженијата на пензионери за да разговараме за проблемите со кои што се соочуваат, за да ги изнесеме наштите предлози за политики кои што навистина секогаш кога ги креираме, сакаме да ги креираме во консултација и дијалог со оние за кои што тие политики се наменети“ рече министерката Јованка Тренчевска.

Во организација на Сојузот на пензионерите од Македонија во Центарот за култура во Битола се одржа 20. Регионална ревија на песни, музика и игри. Домаќин беше Здружението на пензионери од Битола чија претседателка на Извршниот одбор, Даница Петличкова, ги поздрави сите присутни гости и публиката и им посака да се чувствуваат најпријатно во градот на конзулите и што поуспешно да ги презентираат своите изведби.pp5

На ревијата настапија неколку пеачки групи од Битола, Демир Хисар, Крушево и Прилеп. Сите се потрудија да презентираат квалитетни изведби , како во пеачката традиција така и во соло изведбите. На крајот на сите им беа доделени благодарници, а најдобрите ќе земат учество на Републичките средби.pp2

pp3

pp4

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани