Вчера, пејачката група ,,Сирма Војвода,, од Здружението на пензионери Битола учествуваше на Петтиот меѓународен и регионален  фестивал на  хорови и пеачки групи во Куманово.

По повод новогодишните и бижиќни празници и спроти празникот Василица, денес во Старскиот дом „Софија“ во Битола лоциран во старата касарна, гостуваше ансамблот „Сирма Војвода'', кој делува при Здружението на пензионери од Битола. 

 
Од името на  Извршниот одбор на Здружението присутните ги поздрави претседателката Даница Петличкова  информирајќи ги дека тие како пензионери воопшто не треба да се чувствуваат осамени, иако се во старски дом,  зашто Здружението на пензионери поеднакво води грижа за сите свои членови.
 
Со настапот на „Сирма Војвода'' со кој диригираше Нико Наумов се почувствува пријатна атмосфера, посебно кај лицата сметсени во домот. 
 
Петличкова истакна дека и натаму Здружението на пензионери води грижа за овие лица иако во поддминати години, сепак како пензионери да ги уживаат сите права и хумани акции што здружението ги организира.   
sirma67
 
sirma68
 
sirma69
 
sirma 70

Во Здружението на пезнионери во Велес во петокот се одржа Регионална ревија на пеачки групи од југозападниот регион на Македонија на која меѓу 12 учесници се претстави и пеачката група „Сирма војвода“ која работи при Здружението на пензионери во Битола. Таа настапи со две песни и остави мошне добар впечаток за што на претседателот на Здружението на пензионери од Битола, Томе Димитровски, му беше дадена и посебна благодарница.

Се очекува Сирма војовода да земе учество и на Републичката смотра што ќе се одржи до крајот на годината во Скопје. Регионална смотра за скоро ќе биде организирана и во Битола.пен 3

пен 4

пен 5

Хорот „Сирма војвода“ кој функционира при Здружението на пензионери од Битола одржа целовечерен концерт во Малата сала на Центарот за култура. Под диригентство на Нико Наумов членовите на пензионерскиот хор изведоа петнаесетина староградски песни. За време на концертот имаше солистички и хорски изведби. Настапот истовремено се снимаше за да биде издадено DVD на „Сирма војвода“.

пеое

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани