Багерите за ископ на јаглен поради нивната големина биле нарекувани џинови, а багерот ЕШ вработените го викале народски „ежот“ поради сличноста на зборовите. Местото за одлагање на откривката било опишувано како висорамнина, а зелениот појас што се засадувал во близина на браната на РЕК, Титова шума. За ваквите невообичаени имиња кои им се давале на опремата и промените кои настанувале во околината кога се градел РЕК зборуваат текстовите што во „Битолски весник“ кон крајот на седумдесетите години го објавувале новинарите.

Со Меморандумите за соработка што денес ги потпишаа неколку образовани институции од Битола со АД ЕЛЕМ и РЕК „Битола“ во Комбинатот ќе се обезбедат исти услови за студентите и средношколците што доаѓаат на пракса какви што имаат и вработените, најави генералниот директор на РЕК, Васко Ковачевски. Меморандуми за соработка беа потпишани со Средното општинско техничко училиште „Ѓорѓи Наумов“, Средното општинско училиште „Таки Даскало“ и Техничкиот факултет и Факултетот за информатички и комуникациски техологии од Битола.

АД Електрани на Македонија ќе го одбележи Денот на рударите – 28 август со редица настани, од кои дел ќе бидат и во Подружницата РЕК Битола и во Битола.

В понеделник, на 27 август во 11 часот, во просториите на АД ЕЛЕМ, Подружница РЕК Битола ќе бидат потпишани Меморандуми за соработка со СОУ Таки Даскало и СОУТ Ѓорѓи Наумов од страна на директорите на училиштата и генералниот директор на АД ЕЛЕМ, д-р Драган Миновски, како и Меморандуми за соработка на АД Електрани на Македонија со Техничкиот факултет Битола и Факултетот за информатички и комуникациски технологии.

Екипи на Службата за техничка сигурност при АД ЕЛЕМ, Подружница РЕК Битола од синоќа во 19 часот, со едно противпожарно возило се активно вклучени во ставањето под контрола на пожарот кој избувна на депонијата за смет Мегленци, што се наоѓа во непосредна близина на Комбинатот. Во координација со ЈП Комуналец од Битола кое стопанисува со депонијата Мегленци, вработени во РЕК Битола до денес напладне беа ангажирани во гаснењето на пожарот, односно неговото локализирање и остануваат на располагање до целосно ставање под контрола на ситуацијата.

Одлучил стручната пракса како дипломиран електроинженер да ја мине во РЕК „Битола“, иако имал шанса да избере престој во други европски земји. Германецот Себастијан Ох од Нинберг, дипломец на Универзитетот во Бајројт, северна Баварија, веќе неколку недели професијата ја усовршува во Рударско-енергетскиот комбинат во Битола. Одбрал да дојде на пракса во Македонија зашто за него била непозната земја, а слушнал дека има голема термоелектрана како РЕК.

„Никогаш досега не сум бил во термоелектрана од ваков калибар, со толкава големина, за мене е фасцинантно тоа што на едно место се наоѓа и производството и рудникот, тоа што имаа сопствен рудник за кој не треба да има долги и големи транспортни ленти“, вели Ох.

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани