,,Скриншот” од приватна порака искористен да се манипулира со гласачкото тело

Јуни 28, 2020

Пишува Ардит Рамадани

Во предизборието, рецензираме политички пристрасна вест со наслов ,,Албанците ги тераат СДСМ и Беса во П.М.(документ).  Меѓутоа, рецензираната вест, освен што е пристрасна и политички мотивирана, поттикнува меѓуетнички поделби и повикувајќи се на национализам се обидува да манипулира со чувствата на граѓаните. Исто така, во овој текст се употребува и јазик кој се коси со  Етичкиот кодекс на новинарите.

 

Јазикот употребен во насловот на оваа вест е скандалозен. Не сите корисници на Фејбук имаат над 18 години, а сепак сите имаат пристап до оваа вест во која се употребени зборови кои не му доликуваат на еден новинар и кои се неприфатливи од аспект на основните стандарди на новинарската етика.

Во Етичкиот Кодекс на новинарите  пишува : Новинарот мора да ја негува културата на говорот и етиката. Неспојливо со новинарската професија е непримерната комуникација со јавноста.

Почнувајќи од насловот па сé до самата содржина на текстот авторот ври една многу груба поделба меѓу Албанците и Македонците. Ова форма на манипулација е позната и во Припрачникот на КриТинк и се нарекува повикување на емоции.

Така, со постојано повторување и генерализирање со зборот „Албанците“, се прави обид за манипулација со емоциите на читателите за да оневозможи истиот да развие критичко и разумно мислење за конкретното прашање, односно да се информира, наместо да му биде извршено влијание.

  • „Билал Касами побара спас преку Заев, а овој вториот верува во Билал Касами, но како што се наближува денот на изборите, тие гледаат како сé повеќе пресушува нивната политичка сила. Овие две партии веќе почнале да ја почуствуваат кризата и како од ден на ден бледее поддршката за нив“,  се вели во рецензираната вест.

Јасно се гледа дека тука станува збор за ставовите и мислењето на авторот на оваа вест а не за информативен жанр.

На овој начин направено е прекршување на уште еден принцип од Етичкиот Кодекс на новинарите, според кој: „Новинарот треба да прави разлика меѓу фактите и мислењата, меѓу веста и коментарот”.

„Скриншот” од еден разговор не може да се претстави како доказ, ниту да генерализира.

Ова вест има за цел да ги убеди читателите дека граѓаните, односно претставниците на албанската заедница, не ја поддржуваат коалицијата СДСМ-БЕСА. За да го докаже ова, авторот тврди дека поседува еден „документ“.

Тоа што е претставено како „документ“ од негова страна е само еден „скриншот“ во кој се гледа одговорот што еден граѓанин го напишал на официјалната Фејсбук страна на СДСМ, кој содржи навредливи зборови и во кој истиот пишува дека нема да гласа за нив. Доволен бил само еден „скриншот“  за овој автор да дојде до заклучок дека Албанците не ја подржуваат гореспоменатата коалиција.

На ваков начин не е обезбедена професионална дистанца и непристрасност од политичките субјекти и направен е обид да се изманипулира гласачкото тело.


 

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар


 

 

Овој напис е изработен во рамките на Проектот за зголемување на отчетноста и одговорноста на политичарите и партиите пред граѓаните, Вистиномер, имплементиран од Метаморфозис. Написот e овозможен со поддршка на американската непрофитна фондација (NED - National Endowment for Democracy). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис и National Endowment for Democracy или нивните партнери.
Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2020 АПЛА.мк. Сите права се задржани