Заев ја посетил градинката во Штип, но не држел митинг

Јуни 29, 2020

 

Текстот е всушност  партиско соопштение од ВМРО ДПМНЕ, со кое се тврди дека Заев држел митинг во градинка и ја ,,злоупотребил институцијата каде одат дечиња, во изборна кампања”. Не е направена јасна дистинкција во текстот, односно дистанца меѓу партиското соопштение и новинарскиот производ. Едноставно, соопштението од партијата е прекопирано на порталот интегрално и сместено во рубриката ,,вести” без неопходната, барем минимална редактура. 

На објавената фотографија нема деца, а фотографираните се заштитени според препораките против Ковид 19.

На официјалниот youtube канал на СДСМ е објавено видео на 28.06.2020 од кое што е евидентно дека митинг немало, туку дека само делегацијата од СДСМ додека била во Штип, ја посетила и градинката, која е проект и соработка меѓу локалната и централната власт.

  • „ Денеска во рамки на нашата агенда ја посетивме и новата градинка „Виножито“ во Штип. После 30 години Штип, центарот на истокот го доби првиот ваков модерен објект. После 30 години нова градинка во Штип се изгради во овие две години. Вкупната вредност на оваа капитална инвестиција битна за сите граѓани на Штип е околу еден милион евра, средства кои седумдесет проценти се дел учество на Општината Штип, но и со поддршка на централната власт. Ова се типични проекти каде што се гледа соработката мешу локалната и централната власт. На површина од 1600 метри квадратни целосно модерен објект којшто може да прими двесте дечиња . Со сето ова го зголемуваме капацитетот на сите градинки во нашата земја. Се градат 44 објекти за најмалите, за дечињата. Во периодот што следи цврсто ќе се фокусираме да ја продолжиме оваа политика не само да градиме објекти туку и ги зголемуваме платите , за само две и пол години платите на воспитувачите , воспитувачките се зголемија за цели 5000 денари.”

Со ова Николовски, потврдува дека ја посетиле градинката, но не држеле митинг во неа, наспроти тврдењата во насловот од текстот.

Од насловот кој е тенденциозен, се добива впечаток за некаква ,,повластеност” на Заев споредено со децата, што е небулозно. Градинките наскоро и ќе се отворат за во нив да бидат згрижени децата, откако тоа ќе го одобри Комисијата за заразни болести. За таа цел беше спроведен и скрининг на вработените.


 

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар


 

 

Овој напис е изработен во рамките на Проектот за зголемување на отчетноста и одговорноста на политичарите и партиите пред граѓаните, Вистиномер, имплементиран од Метаморфозис. Написот e овозможен со поддршка на американската непрофитна фондација (NED - National Endowment for Democracy). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис и National Endowment for Democracy или нивните партнери.
Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2020 АПЛА.мк. Сите права се задржани