Новинарски текст не смее да наликува на партиско соопштение

Јуни 29, 2020

Пишува: Жаклина Цветковска

Рецензираме текст со наслов „(ФОТО) Да стапнеше некогаш во Истокот, немаше да ветуваш веќе изградени експресни патишта?!“, објавен на порталот gragjanskizbor.mk, на 29.06.2020 година.

Текстот е објавен во рубриката „Гласот на јавноста“ каде се објавуваат ставови на јавни личности, најчесто преземени од социјалните мрежи. Но, во овој случај не е јасно дали се работи за нечиј став или за став на порталот.

 

Во текстот не е посочен извор на информацијата, не е искористен цитат и не е разграничено дали станува збор за личен став или став на порталот, што е во спротивност со членот 4 од Кодексот на новинарите на Македонија, во кој е наведено:

  • Новинарот ќе го назначи изворот на информациите, но ако изворот бара да остане анонимен, новинарот ќе го заштити.

Поради недостаток на основните информативни елементи, содржината на текстот може да наведе на заклучок дека се пренесува официјално партиско соопштение на политика партија, што не е точно. Врз основа на направен printscreen од објава во slobodenpecat.mк, од 27.06.2020 година, со наслов „Мицкоски: Ќе изградиме експресен пат од Штип за Кочани“, се коментира дека лидерот на опозицијата „Да стапнел некогаш на Истокот, освен во кампања,веројатно ќе сфател дека во источниот дел на Македонија се гради како никогаш до сега. Ама не стапнал!“.

Коментаторските елементи се присутни во целиот текст и не е направено разграничување помеѓу фактите и мислењата, веста и коментарот, со што е прекршен членот 13 од Кодексот на новинарите. Не е одговорено на прашањата каде е дадена изјавата, нуту се присутни факти, кои ќе ги појаснат изнесените наводи, кои се неоходни за објективно и непристрасно известување. Веста мора да биде поткрепена со конкретни податоци за темата за која се пишува, а особено кога се обвинува за неточно дадени изјави. Во овој случај приложена е само фотографија од градежни активности на пат, која нема временски и информативен контекст.

Во медиумскиот производ не е одржана и професионална дистанца од политичкиот субјект за известувањето од политичките процеси, што е предвидено со членот 14 од Кодексот на новинарите, кој гласи:

  • Известувањето од политичките процеси, посебно од изборите треба да биде непристрасно и избалансирано. Новинарот мора да обезбеди професионална дистанца од политичките субјекти.

Непрецизен е и самиот наслов на текстот „(ФОТО)  Да стапнеше некогаш во Истокот, немаше да ветуваш вќе изградени експресни патишта?!“. Од насловот не може да се заклучи кој и кому му се обраќа.Насловот мора да биде информативен и јасно да упатува на содржината на текстот.

Основна задача на новинарот е да ги почитува принципите на известување,особено за време на изборни процеси и да се дистанцира од навивачкото новинарство.


 

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар


 

 

Овој напис е изработен во рамките на Проектот за зголемување на отчетноста и одговорноста на политичарите и партиите пред граѓаните, Вистиномер, имплементиран од Метаморфозис. Написот e овозможен со поддршка на американската непрофитна фондација (NED - National Endowment for Democracy). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис и National Endowment for Democracy или нивните партнери.
Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2020 АПЛА.мк. Сите права се задржани