Субјективно и емоционално коментирање во новинарски прилог

Јуни 30, 2020

Пишува: Билјана Т. Димко

На веб страницата на телевизија „Алфа“ на 27.06.2020 беше објавен прилог: Прогонот врз Душко – млекарот кулминира со семејна драма https://alfa.mk/progonot-vrz-dushko-mlekarot-kulminira-so-semejna-drama/.

Предмет на оваа рецензија е необјективното коментаторско драматично однесување на новинарот на прилогот.
Подолу е цитирана клучната информација од овој прилог, и не содржи ништо драматично и семејно.

 

  • Битолчанецот Душко Млекарот, кој неколку години преку социјалните мрежи објавуваше материјали за незаконското работење на актуелната власт и кој, поради закани од поединци, како што велеше, бил принуден со семејството да побара азил во Германија, сега таму веќе е во екстрадициски притвор. Ова е последица на распишаната потерница од Основниот суд во Битола во март годинава, а поради две правосилни пресуди како учесник во “Шарената револуција“- едната од една година за учество во толпа, а другата од една и пол година, за наводен напад врз службено лице. Го осудија без да има можност да се брани и како што ни рече пред неколку месеци – „претходните само ме гонеа, ама овие ме осудија“.

Подоцна во прилогот новинарот емоционално коментира:

  • Неверување, страв и тага владее на улица “Коста Абрашевиќ“ бр. 39 во Битола. Родителите на Душко Млекарот, силно потресени и со голема тага го очекуваат исходот од она што ќе се случува во Германија со екстрадицискиот притвор.
    Мајката Лиле и таткотоТоме нè пречекаа видно вознемирени, истрошени и столчени од моќната тупаница на власта, во која Дуле Млекарот со години се колнеше, а на крај, само зашто јавно ги критикуваше, му се намерачија да го донесат во македонските затвори.

Во прилогот, родителите на Илиевски се потресени поради новонастанатата ситуација. Мајката на Илиевски вели дека Илиевски е во притвор поради СДСМ, но ни таткото ни мајката не кажуваат дека директно врз нив е направен напад од „моќната тупаница на власта“, освен ако авторот сакал метафорично да ја пренесе загриженоста на родителите. Но, истовремено требало и да ја информира јавноста и со официјални информации од соодветните државни органи за екстрадицискиот притвор на Илиевски.

Според сајтот СДК: „Во решението на Основниот суд од Битола стои дека тие го прифатиле предлогот на Основното јавно обвинителство на Илиевски да му се суди во отсуство бидејќи тој не е во земјата, а постоеле важни причини да му се суди.

Исто така Душко Илиевски Млекарот знаел дека ќе му се суди во отсуство, така што новинарот не морал толку емпатиски и субјективно да коментира.


 

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар


 

 

Овој напис е изработен во рамките на Проектот за зголемување на отчетноста и одговорноста на политичарите и партиите пред граѓаните, Вистиномер, имплементиран од Метаморфозис. Написот e овозможен со поддршка на американската непрофитна фондација (NED - National Endowment for Democracy). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис и National Endowment for Democracy или нивните партнери.
Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2020 АПЛА.мк. Сите права се задржани