И официјално им се лепат етикети на обвинителите

Јуни 30, 2020

Пишува Ване Трајков

Коментаторски и етикетирачки е презентирана информацијата на порталот Лидер објавена под наслов ,, И официјално збогум СЈО, добредојде за обвинителите под капата на Заев’’  откако Законот за Јавно обвинителство донесен во февруари годинава, стапи на сила денеска. Во информацијата ниту има официјални изјави ниту пак има експертски ставови за законското решение туку само ,,голо’’ и ,,навивачко’’ коментаторство со прашања и одговори на непотпишан автор и етикетирање на обвинителите дека работат под инструкции на екс премиерот и претседател на СДСМ Зоран Заев.

 

,,Борбата против криминалот и корупција преминува во рацете на обвинители, кои пред ,,шарената револуција беа етикетирани како ,,маши на власта’’, а сега се длабоко пикнати под капата на екс-премиерот и лидер на владејачкиот СДСМ Зоран Заев’’ , пишува непотпишаниот автор при што го прекршува членот 13 од Кодексот на новинари каде стои дека треба да се прави јасна дистинкција помеѓу вест и коментар. Но во објавената информација на порталот Лидер се мешаат коментаторски ставови на самиот автор во новинарски текст со кој се обидува да докаже дека новиот закон е со цел да се заштитат функционери од сегашната Влада.

Новото решение на Законот за Јавно обвинителство предвидува превземање на сите предмети од СЈО, самостојност на јавниот обвинител во постапувањето по конкретни предмети, градење на кариера со претходно искуство во пониските јавни обвинителства, но и финансиска самостојност на ова институција со одвојувањет на најмалку 0,4 одсто од Буџетот на државата.

,,Значајна придобивка е тоа што  и јавниот обвинител кој раководи со Јавното обвинителство ќе биде избиран на непосредни избори од јавните обвинители што е гаранција дека се острануваат секакви надворешни влијанија. Воедно ова ќе значи и ефикасност и непристрасност во гонењето на сторителите на тешките кривични дела и корупција,, вели актуелниот државен јавен обвинител Љубомир Јовевски во интервју за примената на новото решение.

Со објавената информација и насловот, се доведуваат читателите до погрешна перцепција и стекнување на недоверба во правосудниот систем посебно кога се етикетираат одредени личности дека работат под нечија капа.


 

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар


 

 

Овој напис е изработен во рамките на Проектот за зголемување на отчетноста и одговорноста на политичарите и партиите пред граѓаните, Вистиномер, имплементиран од Метаморфозис. Написот e овозможен со поддршка на американската непрофитна фондација (NED - National Endowment for Democracy). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис и National Endowment for Democracy или нивните партнери.
Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2020 АПЛА.мк. Сите права се задржани