Една слика во хотел ,,Казино“ не значи поддршка за објектите за игри на среќа

Јули 01, 2020

Пишува: Ардит Рамадани

Во овој напис се тврди дека лидерот на Алијансата за Албанците е против објектите за игрите на среќа, иако тој никогаш не изјавил такво нешто. И за да го „демантира“ нереченото од Села, авторот објавува слика на секретарот на АА направена во еден хотел кој се вика „Казино“.

 

Како прво, не е вистина дека Зијадин Села, лидерот на Алијансата за Албанците (АА) е против игрите на среќа. Тој изјавил дека со доаѓањето на неговата партија на власт, игрите на среќа ќе се одвиваат само во хотелите со пет ѕвездички, но не и дека ќе ги затвори.

„Ние ветуваме дека со нас на власт игрите на среќа ќе бидат дозволени само во хотелите со пет ѕвезди и, како прво, гарантираме дека игрите на среќа ќе бидат далеку од населените места, и како второ, во нив нема да може да има пристап секој  и на овој начин видно ќе се намали овој девијантен феномен” изјавиле од Алијансата за Албанците (АА).

Оттука нејасно е како се заклучило дека лидерот на Алијансата за Албанците е против игрите на среќа.

  • Новинарот треба да објавува точни, проверени информации и нема да прикрива суштински податоци и да фалсификува документи. Доколку информацијата не може да се потврди, или станува збор за претпоставка, односно шпекулација, тоа треба да се каже и да се објави. Точноста на информацијата треба да се провери колку што е тоа можно” стои во Етичкиот Кодекс на новинарите во Македонија.

Комбинирањето на две невистини не ја прави веста поубедлива

За да се „демантира“ неизречената изјава на лидерот на Алијансата за Албанците во врска со казината, се употребила фотографија од личната Фејсбук страна на генералниот секретар на Алијансата за Албанците, Арбен Таравари, во еден хотел кој се вика „Казино“.

Ова не може да се употреби како показател на тоа дали еден политичар е за или против игрите на среќа.


 

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар


 

 

Овој напис е изработен во рамките на Проектот за зголемување на отчетноста и одговорноста на политичарите и партиите пред граѓаните, Вистиномер, имплементиран од Метаморфозис. Написот e овозможен со поддршка на американската непрофитна фондација (NED - National Endowment for Democracy). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис и National Endowment for Democracy или нивните партнери.
Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2020 АПЛА.мк. Сите права се задржани