Не е вистина дека Заев го опцул Движењето БЕСА и нејзините активисти

Јули 01, 2020

Пишува: Ардит Рамадани

„Заев ја пцуе мајката на БЕСА и нејзините активисти”, се вели во веста што ја рецензираме и таа е пример како еден медиум манипулира и клевети за да предизвика раздор внатре во една коалиција која учествува во изборната трка на 15 jули, како и меѓуетнички раздор во земјата, намерно мешајќи ги датумите на изјавите на лидерот на СДСМ, Зоран Заев, за да се добие впечаток дека тој го опцул движењето БЕСА.

 

Станува збор за објавената „бомба“ она која се слуша гласот на лидерот на СДСМ, Зоран Заев како зборува погрдни зборови за неговите идни партнери во коалицијата која тој во тоа време сакал да ја формира. Меѓутоа, разговорот се случил во 2016 година, а не во 2020 година.

Во 2016 година, кога и се случил овој разговор, СДСМ не беше во коалиција со Движењето БЕСА, тоа дури и не доаѓаше предвид. Тоа значи дека авторот на текстот клевети дека Зоран Заев го опцул Движењето БЕСА и нејзините активисти поради разни намери.

Во вакви случаи, им останува на читателите да ја проверат веста. Иако е јасно е дека станува збор за манипулација, а не за недостаток на информации во врска со датумот кога се случил објавениот разговор, верификацијата на датумите и информациите авторот на написот го оставил во рацете на читателите.

  • Новинарот треба да објавува точни, проверени информации и нема да прикрива суштински податоци и да фалсификува документи, пишува во првиот член на  Етичкиот Кодекс на новинарите.

Освен клеветата и тенденциите за раздор на предизборната коалиција, авторот на овој напис ја употребил и техниката на повикување на авторитет. Во моментот кога еден новинар им вели на читателите дека одреден политичар рекол одредено нешто, тие се склони да му поверуваат.

И за крај, гореспоменатиот случај е доказ дека во една предизборна кампања, новинарите кои ја користат својата професија за одредени цели, можат дури и да ги вадат од контекст и изјавите на лидерите на политичките партии, само за да ја постигнат својата цел. Затоа, читателите треба да бидат двојно повнимателни и секогаш да го потврдат тоа што го читаат.


 

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар


 

 

Овој напис е изработен во рамките на Проектот за зголемување на отчетноста и одговорноста на политичарите и партиите пред граѓаните, Вистиномер, имплементиран од Метаморфозис. Написот e овозможен со поддршка на американската непрофитна фондација (NED - National Endowment for Democracy). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис и National Endowment for Democracy или нивните партнери.
Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2020 АПЛА.мк. Сите права се задржани