Навреди кон медицинските работници не би требало да се повторуваат во наслови!

Јули 01, 2020

Пишува Ване Трајков

Во насловот на објавената информација на порталот Република, по синоќешниот инцидент пред  ГОБ ,,8 септември’’ кој гласи ,,Требаше да ја убијат, СЗО ви плаќа за секој починат: Неверојатни коментари на социјални мрежи’’ се повторуваат изнесени навреди и говор на омраза кон медицинскиот персонал.

Иако во информацијата се пренесува соопштение од МВР за инцидентот и изјава на минстерот за здравство кој го осудува чинот, се пренесуваат и навредливи коментари од социјални мрежи кои повикуваат на насилство, без да внимава дека може да предизвика мултиплирачко дејство посебно со насловот и уводот на информацијата. Сите навреди и повици за убиство можеле да се ,,прескокнат” или описно да се објасни дека станува збор за деградирачки, понижувачки и повици со говор на омраза кон медицинскиот персонал. Освен тоа, селективно се издвоени само коментарите кои се од ваков карактер.

Паралелно, во вака објавената информација воопшто нема проверка на вистинитоста на објавените коментари кои се превземаат и се стават во наслов. Посебно за наводното плаќање од СЗО за починат пациент за што воопшто нема никаква официјална потврда од домашна или странска институција туку само шпекулации, кои со пласирање во официјална информација добиваат поголема масовност и досегаат до поголем број граѓани. Секогаш за поставен наслов, новинарот мора да обезбеди аргументи и факти а не да се потпира на паушални изјави или коментари а најмалку од социјалните мрежи каде секојдневно се пласираат неточни вести. Основно работа на новинарот е да обезбеди точна информација на граѓаните без сензационалистички наслови.

Имено информацијата се базира на ФБ статусот на Асоцијацијата на специјализанти и млади лекари кои објавија коментари по синоќешниот инцидент при што апелираа ,, Драги колеги , немојте никогаш поради вкави мутации, да заборавите колку е благородна и алтруистичка Вашата професија и да постапувате со љубов и желба да помогнете’’.

Објавената информација се коси со Кодексот на новинари пред се со членовите 8, 10, 15 каде се алармира на сензационалистички наслови или текстови кои може да потикнат насилство, посебно во услови на епидемија. Паралелно новинарот мора да ја негува кутлтурата на говорот и етиката кога објавува одредена информација но и да внимава кои е јавниот интерес и можните ефекти во заедницата од пласирањето на информации со наслови базирани на непроверени коментари по социјалните мрежи кои повикуваат на насилство и имаат елементи на говор на омраза.


 

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар


 

 

Овој напис е изработен во рамките на Проектот за зголемување на отчетноста и одговорноста на политичарите и партиите пред граѓаните, Вистиномер, имплементиран од Метаморфозис. Написот e овозможен со поддршка на американската непрофитна фондација (NED - National Endowment for Democracy). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис и National Endowment for Democracy или нивните партнери.
Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2020 АПЛА.мк. Сите права се задржани