Насловот и текстот немаат никаква поврзаност

Јули 08, 2020

Пишува: Шефкије Аласани

Рецензираниот напис е објавен на порталот Актуале, на 7 јули, со наслов: Дали и Села ќе вика: Амелика, Амелика, Амелика. Во Вистиномер многу пати е нагласено дека треба да се известува на правилен и професионален начин, посебно за време на една предизборна кампања, но сепак овој основен принцип на новинарството продолжува да не се почитува.

Насловот на рецензираниот напис е тенденциозен и нема никаква конкретна поврзаност со содржината на написот. Во насловот се претпоставува дека во иднина и лидерот на Алијансата за албанците, Зиадин Села, ќе зборува на ист начин како и лидерот на Самоопределување, Албин Курти. Насловот на овој напис, без било каква логична поврзаност е поврзан со една изјава на Курти, каде тој вели:

  • „Секогаш кога овие корумпираните политичари ќе почувствуваат дека им се загрозени нивните корупциски интереси од нашата, вашата добра влада, почнуваат да викаат „Амелика, Амелика, Амелика“. Сме виделе како се обидуваат да ја злоупотребат Америка секогаш кога ќе им се спомне корупцијата“.

Новинарските принципи не се почитувани ниту во содржината на написот. Во првиот пасус на написот пишува: „Доаѓањето на некои високи личности на оваа партија на митинзите на една полу опозициска полу владина опозиција, предизвикала бројни реакции“. Меѓутоа, не се направил ниту обид да се добие никаков став од споменатите страни. Наспроти ова, медиумскиот производ е полн со коментари за политичката реалност во Северна Македонија и поставува енигми за читателите поставувајќи ги следните две прашања:

  1. Ако Самоопределување падна од власт поради непослушноста кон Америка, дали и Села ќе биде против Америка?!
  2. Но, суштинското прашање останува фактот ако Курти толку срдечно го поддржува Села, тогаш зошто сака да формира Самоопределување и во Македонија?

Во Етичкиот Кодекс на новинарите се нагласува: „Новинарите имаат улога да пренесуваат информации, идеи и мислења и право да коментираат. Почитувајќи ги етичките вредности и професионалните стандарди во пренесувањето на информациите, новинарите ќе бидат чесни, објективни и точни”. Значи, ако во јавноста има прашања и дилеми, нормално е новинарот да ги пренесе истите, но не и на хипотетички начин кога проблем воопшто не постои во изјавата на оној кој се пренесува.


 

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар


 

 

Овој напис е изработен во рамките на Проектот за зголемување на отчетноста и одговорноста на политичарите и партиите пред граѓаните, Вистиномер, имплементиран од Метаморфозис. Написот e овозможен со поддршка на американската непрофитна фондација (NED - National Endowment for Democracy). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис и National Endowment for Democracy или нивните партнери.
Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2020 АПЛА.мк. Сите права се задржани