Демаскирање дезинформации

Пишува Ване Трајков

Во написот ,, Љупчо Николовски: После 15 ти кога ќе изгубиме ќе станам тезгар како мојот шеф Зоран Заев’’ се врши обид за дискредитација на личност која е дирекнто вклучена во парламентарните избори.  Без ниту еден извор, изјава или  став, авторот на текстот  користи само фотографии  и констатации  а со дадениот наслов се добива впечаток дека станува збор за лично дадена изјава од екс министерот  Николовски и кандидат за пратеник.

Пишува: Весна Коловска

Серија различни текстови во прилог на иста видео снимка се појавија на повеќе дигитални медиуми, на кои заеднички именител им е констатирање и коментирање, со инсинуирање на вмешаноста на Радмина Шекеринска, актуелната министерка за одбрана и носистел на листата во Изборната единица број пет, од коалицијата „Можеме“.

Пишува Ване Трајков

Рецензираме текст со наслов ,,Фетаи и Бубевски позитивни на корона?’’  во кој што е пласирана непроверена информација која само инсиунира, без да има во неа официјални изјави од споменатите личности ниту пак од било каква официјална институција која е одговорна за следење на ширењето на ковид-19 или од Јавното обвинителство каде работат споменатите. Првата и основна цел на новинарството е проверената информација.

Пишува: Шефкије Аласани

Во веста со тенденциозен наслов: „Села го легализира казиното на Мијалков во Мериот“ која ја рецензираме се тврди дека лидерот на Алијансата за албанците, Зијадин Села, го легализирал казиното на Сашо Мијалков.

Пишува: Убавка Јаневска

Го рецензираме текстот објавен на Курир, на 4 јули, годинава  со наслов „ФОТО: СДСМ троши 27.000 евра дневно за реклами на Фејсбук“ во кој се тврди дека партијата на власт троши огромни суми на пари за спонзорирани објави на оваа социјална мрежа. Според насловот на веста на Курир, СДСМ трошел дневно по 27 илјади евра додека според објавена пресметка во текстот за секој од политичарите  поединечно објавува сума од 27.660 евра.

Пишува: Соња Рилковска

Рецензираме вест објавена на порталот Охрид24  на 04.07.2020 под наслов „Лазе Таневски сменет од шеф на изборниот штаб на СДСМ?“.

Пишува Жаклина Цветковска

Рецензираме текст со наслов „ После денешната аудио бомба дали станува јасно кој стои зад сериското палење возила низ Македонија?“, кој што е поврзан со објавувањето на аудио материјал, најверојатно снимен нелегално, во која се слуша разговор помеѓу две лица за кои се тврди дека се блиски до семејството Заеви.

Пишува: Шефкије Аласани

На 30 јуни на многу информативни портали на албански јазик се сподели еден напис со наслов  „Заев и Мицскоски обединети: Нема премиер Албанец” (ВИДЕО)”

Пишува Весна Коловска

Рецензираме текст со наслов: „Кандидатката за пратеник Билјана Проеска од редовите на ВМРО од Крушево осудена!“, со кој голо се пренесува нешто што претходно било напишано на социјалните мрежи, без почитување на новинарските стандарди и проверка на фактите.

Пишува: Соња Рилковска

Рецензираме вест  објавена на штипската ТВ Стар под наслов „Клип за македонското здравство“. Веста поткрепена со аматерско видео е објавена на Фејсбук страната на ТВ Стар вчера (01 јули)  во 17 часот.

Пишува Жаклина Цветковска

Рецензираме текст со наслов „Моќна фотографија на даскалите Христијан Мицкоски и Гоце Делчев “. Oбјавената фотографија на лидерот на опозицијата, веднаш до споменикот на Гоце Делчев e направена за време на  митингот на ВМРО-ДПМНЕ во Струмица.

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2020 АПЛА.мк. Сите права се задржани