Демаскирање дезинформации

Пишува Ардит Рамадани

Во предизборието, рецензираме политички пристрасна вест со наслов ,,Албанците ги тераат СДСМ и Беса во П.М.(документ).  Меѓутоа, рецензираната вест, освен што е пристрасна и политички мотивирана, поттикнува меѓуетнички поделби и повикувајќи се на национализам се обидува да манипулира со чувствата на граѓаните. Исто така, во овој текст се употребува и јазик кој се коси со  Етичкиот кодекс на новинарите.

Пишува: Шефкије Аласани

Насловот ,,Нов удар на Филипче, еве што бара сега од лицата во карантин” објавен на 25 јуни на порталот Aрена, најавува побомбастична и поексклузивна содржина отколку што во текстот се нуди. Имено, насловот, како и целата опрема на текстот, треба да претставува сиже, односно краток осврт во кој се сумирани најглавните поенти од текстот. Од овој наслов, се добива впечаток дека во текстот ќе се извести за некое ново барање кое што здравствените власти го имаат за оние што влегуваат во земјава од странство.

Пишува: Билјана Т. Димко

На порталите „Курир“ и „Република“ на 27.06.2020 се објавени вести со идентични наслови на тесктови со иста содржина: „Драматичен број на новозаразени и починати лица за само 24 часа – Филипче уверува дека здравствениот систем е во одлична кондиција“.

Пишува: Жаклина Цветковска

Рецензираме текст со тенденциозен наслов „„Заевизмот“ го префатил и Сугарески“ , објавен на порталот lider.com.mk, на 26.06.2020 година, кој е полн со навредливи коментаторски забелешки и непотврдени констатации. Објавата наликува на информативно пропагандна кампања од непотпишан автор.

Пишува Соња Рилковска

Рецензираме текст објавен на порталот Охрид24, под наслов: „ (ФОТО) Охриѓани ги испратија Заев и Шекеринска“.

Уште во самиот наслов се манипулира, на начин што порака испишана на платно, најверојатно од страна на политичкиот опонент во кампањата, за која не се знае ниту кога, ниту каде, ниту кој точно ја испишал, се претставува како охриѓани. Прецизно е да се каже дека ,,платно со содржината што е објавена на фотографијата се појавило на одредена локација,, но да се тврди дека тоа платно е симбол на целиот град, односно дека зад него стои целото гласачко тело на Охрид е во најмала рака манипулација и политичка агитација во кампања.

Пишува Убавка Јаневска

Порталот Свест.мк на 25 јуни објави аудио материјал од 20 секунди во кој се слуша дека постои вжештена расправија и се слуша женски глас. Насловот на текстот е ,,Велес го тресе тежок скандал! Директорот на Центарот за јавно здравје малтретира вработен! (аудио).

Пишува Мирослава Бурнс

Лажна е веста дека екс директорот на Фондот за здравствено осигурување Ден Дончев е приведен или уапсен како што објави Лидер. Со бомбастичен наслов ,,ЕКСКЛУЗИВНО Приведен Ден Дончев на распит во полиција,, лажно се тврди дека Дончев бил уапсен и тоа од секторот за организиран криминал.

Пишува: Весна Коловска

По смртта на претседателот на РК „Преспа“, Илче Котевски, кој почина од Ковид-19, познатата македонска пејачка Тања Ксена Царовска излезе со емотивна реакција на Фејсбук, каде изнесува неточни информации и теории на заговор.

Пишува: Билјана Т. Димко

Во крајно пристрасен, коментаторски и текст кој не може да се смести во ниту еден од  информативните новинарски жанрови, се изнесени невистини, тешки обвинувања за наводна политизација на Комисијата за заразни болести во функција на изборниот процес, се обвинува министерот за здравство ,,дека цело време ја користи говорницата за партиски цели на СДСМ” и се спинува наводна војна за албански гласови. Со цел да се минимизира вистинската причина за разрешувањето на екс директорот на ЦЈЗ Скопје, Арбен Зибери, непотпишаниот автор поставува десетина прашања на кои самиот си дава одговор.

Пишува Мирослава Бурнс

Текстот што го рецензираме со наслов ,,СДСМ е вирусот кој треба Македонија да го победи”, иако е сместен во рубриката вести, демонстрира  прекршување на членот 14 од Кодексот на новинарите.

Пишува: Убавка Јаневска

Текстот со манипулативен наслов „Црни вреќи со банкноти од 500 евра се појавија пред штабови на СДСМ низ градовите во Источна Македонија“ објавен на 23 јуни 2020 година на веб порталот www.bregalnicki.mk е класична дезинформација  напишана врз основа на пристрасност што претставува  спин со цел да ја оцрни партијата на власт и нејзиниот лидер Зоран Заев.

Пишува: Жаклина Цветковска

Порталот dokazmakedonija.mk, на 24.06.2020 година, објави текст со наслов „На Брусалица капиталната инвестиција, растурање на постоечки проекти, овде уништување на игралиштето за голф“,  кој е конфузен и целосно неразбирлив за пораката што ја праќа.

Пишува: Весна Коловска

Краток текст објавен на сајтот bregalnicki.mk под наслов „Жито Лукс“ донесе одлука со која се брише зборот „Македонија“ од нивниот Статут“  јавува за одлука на Собранието на акционери на компанијата „Жито Лукс“ АД Скопје, со која се менува Статутот на друштвото. Сајтот во прилог на текстот ја објавува одлуката за измена на Статутот и ја цитира промената:

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2020 АПЛА.мк. Сите права се задржани