Демаскирање дезинформации

Пишува: Соња Рилковска

Рецензираме вест објавена на порталот „Инфомакс“ на 24 јуни со наслов „(Видео) Типично: Лаги, пелтечење и страв, Лукаревска без одговори за проектите на СДСМ“.
Во самиот наслов има вредносни судови кои содржат навивачки тонови кон опозицијата, со тенденциозни коментари. Прашањето кое  е упатено кон Сања Лукаревска, се однесува на патната инфраструктура, а Лукаревска е директорка на Управата за јавни приходи, позиција која е надвор од ресорот за кој што се однесува прашањето.

Пишува: Мирослава Бурнс

Објавеното партиско соопштение на ВМРО ДПМНЕ на веб страницата на 24 Инфо, осамна без никаква атрибуција на изворот, со интегрално пренесување, без стандардното и многу потребно оградување кое што инаку има за цел да ја обезбеди професионалната дистанца меѓу политичките субјекти и новинарите.

Пишува: Ване Трајков

Порталот Република oбјави напис со наслов ,,Мизрахи: Истото сценарио за разрешување, власта го пробува и кај Чулев’’  во која  екс министерката за труд и социјална политика Рашела Мизрахи, тврди дека власта се обидува да го разреши Наќе Чулев на истиот начин како што тоа го сториле во нејзиниот случај. Како што се наведува во текстот, станува збор за пренесена изјава од телевизиско гостување.

Пишува: Жаклина Цветковска

Игор Јанушев, носител на листа на ВМРО-ДПМНЕ во ИЕ 3, во online партиско соопштение од Крива Паланка, објавено на 22.06.2020 година на неговиот фејсбук профил, го обвинува СДСМ дека промовира успешна изградба на експресен пат на делницата Ранковце-Крива Паланка, додека одвивањето на градежните работи, според негови неофицијални извори, е проблематично.

Пишува: Мирослава Бурнс

Рецензираме текст проблематичен уште во насловот кој гласи ,,Откако со Заев го смени името на АРМ, Шеќеринска до војниците: Да ја носите оваа униформа со чест и достоинство”.
Еден навидум протоколарен настан, за опремување на Армијата со нови униформи, во овој медиумски производ е искористен да се нападне министерката за одбрана Радмила Шеќеринска за името.

Пишува: Соња Рилковска

Рецензираме вест која комплетно се темели на интегрално дадена изјава од портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски објавена на порталот „Курир“ на 22 јуни. Насловот на веста е „Стоилковски: Овие избори од СДСМ и Заев јавноста нема да види програма туку бомби!“.

Пишува: Мирослава Бурнс

На порталот ,,Лидер” на 22 јуни во 12 часот и 15 минути, објавен е текст со наслов ,,Јавно се објавени: Ова се лицата кои одбиваат да примат решенија за самоизолација”. Во насловот и во првиот воведен пасус од текстот односно поднасловот, се тврди дека Министерството за внатрешни работи го објавило списокот на оние лица кои одбиваат да ги примат решенијата за самоизолација.

Страница 5 од 5

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2020 АПЛА.мк. Сите права се задржани