2win800x200

Европски грант за Националниот парк „Пелистер“

Јуни 07, 2018

Националниот парк Пелистер  е меѓу осумте добитници на големи грантови од програмата финансирана од Европската унија за подобрување на управувањето со заштитени подрачја.

Покрај НП Пелистер, европски пари во висина од 200.000 до 400.000 евра ќе добијат и НП Галичица, НП Маврово, Општина Дојран (Дојранско Езеро), Општина Ресен (Преспанско Езеро и Езерани), Град Скопје (Матка, Водно, Сарај), Јасен, Општина Струга, Охрид и Дебрца (Охридско Езеро, река Сатеска).

Промоцијата на добитниците на големите грантови од Програмата на ЕУ за подобрување на управувањето со заштитените подрачја ќе се одржи утре, 8 јуни, во инфо центарот на Националниот парк Пелистер, а на настанот ќе присуствуваат евроамбасадорот Самуел Жбогар, министерот за животна средина и просторно планирање, Садула Дураку и постојаниот претставника на УНДП, Луиза Винтон.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани