2win800x200

Делегација од општина Дуги Рат, Хрватска во посети на Битола

Јануари 18, 2023
Делегација од општина Дуги Рат, Република Хрватска, предводена од градоначалникот Тончи Баук, денес ја посети општина Битола, каде беше остварена средба со градоначалникот на општина Битола, Тони Коњановски, претседателката на Советот, Габриела Илиевска, заменик градоначалникот Бојан Бојкоски и претставници на општинската администрација.
Општина Дуги Рат е збратимена општина на општина Новаци, така што на денешната средба присуствуваше и градоначалникот на општина Новаци, Стевче Стевановски, а за време на работниот состанок беа разменети искуства околу функционирањето на локалните самоуправи во актуелните економски услови, работењето на тековните проекти, а беа разгледани и можностите за реализација на европски проекти.
Можно е да е слика од 15 луѓе и луѓе што стојат
Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани