2win800x200

Премиерот го издвои советникот Методија Илиевски како еден од најконструктивните советници во делувањето во Советот на Битола

Септември 16, 2023

Премиерот Димитар Ковачевски го изводи советникот на СДСМ Методија Илиевски како еден од најконструктивните советници во  Советот на Општина Битола од редовите на СДСМ во делувањето во Советот.

Запрашан дали ги следи состојбите во Советот на Општина Битола околу  турбуленциите со изгласувањето на ребалансот на буџетот тој рече дека е запознае со дел од случувањата во Советот на Битола и дава поддршка на делувањето на советничката група на СДСМ, јасно  издвојувајќи го  делувањето на координаторот Илиевски.

-Изразувам поддршка до советниците, таму има исклучителни советници, Методија е еден  исклучителен млад човек, советник, кој што има ставови кои јас ги подржувам. Смета дека професионалци и луѓе кои што ја знаат работата треба да раководат со институциите во Битола. Тој пристап на инклузивност на вклучување на луѓе од невладиниот сектор и експертската јавност ќе даде многу подобар резултат.  Битола е значаен град во нашата држава, не дека другите се помалку значајни, но Битола е значајна во нашата историја во секоја смисла. Затоа сметам дека Советот на Битола заслужува да носи одлуки кои ќе бидат во интерес на граѓаните, а не да бидат во интерес на една политичка партија, рече  премиерот Ковачевски одговарајќи на новинарско прашање при почетокот на градежните работи на коридорот 8.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани