Санација и реконструкција на полските патишта во општина Могила

Август 08, 2018

Во тек се градежните активности за санација и реконструкција на полските патишта во населеното место Могила, а во наредниот период ќе бидат реконструирани и полските патишта во 22 села на територијата на целата општина.

Градежните активности за санација и реконструкција на полските патишта ги изведува ТИМ Петрол 991 од с. Велешта, Струга, а истите се реконструираат со средства обезбедени од буџетот на Општина Могила.

„Жителите на селата во општина Могила ќе добијат уредени полски патишта, тампонирани, проширени, без ударни дупки и со исчистена вегетација, што ќе им го олесни пристапот до нивните ниви. “ – истакнуваат од општина Могила.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани