Јавното претпријатие Комуналец, денес беше изложено на лажни обвинувања од страна на СДСМ, во кои се повикуваат на злоупотреба на средства и работа на претпријатието за приватни потреби.
Во интерес на вистината и транспарентно информирање на јавноста, но и заштита на угледот на претпријатието, во целост ги изнесуваме фактите за случајот за кој се изнесени невистинити информации
Во однос на споменатиот случај, ЈП Комуналец на ден 16.02.2024 година изврши услуга со
дигалка на физичко лице, но без никаква злоупотреба, односно постапено е согласно важечкиот ценовник на претпријатието.
Во Ценовникот за услуги на ЈП Комуналец Битола донесен од Комисија за формирање на цени во претпријатието усвоен од Управниот Одбор на претпријатието со архивски број 02-478/1 од 01.09.2022 година, поточно во табелата од точка 6 „Работа со специјално возило корпа за работа на висина“ стои цена од 1680 денари на час. Услугата за користење на корпа за висина, која патем е вонредна услуга и се фактурира согласно претходно споменатиот ценовник му беше извршена на конкретното физичко лице на ден 16.02.2024 година а за истото постои испратница како и фактура.
Согласно наведеното, јасно е дека ЈП Комуналец постапува согласно законот во рамките на своите надлежности, со претходно утврдени цени, а сите други обвинувања се обид за манипулирање на јавноста.
Веруваме дека, редовните работни активности на претпријатието, во периодот што следува нема да бидат злоупотребувани во функција на политички маркетинг во предизборието.
ЈП Комуналец останува отворено за соработка со сите граѓани, за сите прашања кои се од јавен интерес.
Објавено од А.Б