Се снима филм за пејачката Софија Кочевска
Деновиве во Битола, на неколку локации, почна снимањето на музичко-документарниот филм “55 години музичка кариера - Софија Кочевска”. Автор и режисер на филмот е Шенол Мемиш, а камера и монтажа се доделени на Дејан Младеновиќ. Филмот ќе биде премиерно прикажан ова лето, во рамките на Битфест 2026. Во него, Софија Кочевска раскажува за нејзините почетоци, фестивалски настапи, албуми, а за нејзината кариера зборуваат и неколку врвни музичари и композитори. Првата грамофонска плоча со 4 песни ја снимила пред 55 години, во период кога снимањето на плоча било реткост.
По филмовите за Димче Миновски и Стив Наумов, ова е трет филм од едицијата “Заслужни битолчани” на двоецот Мемиш - Младеновиќ, новите хроничари на градот.