2win800x200

Битолчанец извлечен мртов од реката Драгор

Јуни 09, 2026

На 08.06.2026 во СВР Битола пријавено е дека во населба „Кланица“ во Битола, кај место викано „Дрвено мовче“ во реката Драгор, било пронајдено безживотно тело.  По извршено препознавање констатирано е дека се работи за В.К.(66) од Битола, за кој на 02.06.2026 во СВР Битола негов роднина пријавил дека се оддалечил од домот.  Лекар од Итната медицинска помош Битола констатирал смрт без траги на насилство, а по насоки на јавен обвинител телото на починатиот е предадено на обдукција. Извршен е увид од увидна екипа од СВР Битола.    

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани