Реновирана ВИП собата на гинеколошкото одделение во битолската болница

Ноември 02, 2017

На гинеколошкото одделение во битолската болница, покрај реконструираните болнички соби , сега повторно на располагање на родилките им е реновираната ВИП соба, која извесен период не беше во употреuба. Управниот одбор на болницата донесе одлука за оваа соба на гинеколошкото одделение да се наплаќаат симболични 300 денари на ден

Исто така, реновиран е просторот кој се користи за мајчината школа на гинеколошкото одделение.

-ВИП собата извесен период беше надвор од употреба, сега е повторно преуредена, комплетно реновирана и на располагање на родилките. Преуредена е и мајчината школа, а трудниците можат даја посетуваат по цена од 500 денари месечнио. Медицинските сестри ги обучуваат трудниците како да се однесуваат за време на бременоста, при породувањето и после тоа, изјави Билјана Христовска, раководител на одделот за информатика

 

Во изминатата 2016 година, во Клиничката болница во Битола се родиле 110 новороденчиња, а од нив 38 проценти биле родени со царски рез. Службата за гинекологија има најмал број транспорти на пациенти кои што се упатуваат до Клиниките за Скопје, односно поголемиот дел комплицирани случаи се решаваат во Клиничаката болница во Битола.

Покрај реновираната ВИП болничка соба, на родилките на располагање им се и останатаите болнички соби, реконструирани, а сега и опремени со нови болнички кревети од шведската донација.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани